2010-08-09 12:26:49

Папата: надежта за Христовото присуство поттикнува на нов живот


Оној кој што ја поседува христијанската надеж живее различно, бидејќи таа му донира нов живот: живее "без егоизам и жед за поседување или за власт, и според божјата логика". Сведоштво за тоа се светците кои што Католичката црква оваа недела ги слави: Едит Штајн, Киара од Асизи, Максимилијан Колбе, тие и покрај "мракот" не се ја изгубиле од поглед христијанската надеж. Ова го истакна Папата пред молитвата Ангелов Поздрав, која ја молеше денес од балконот на Апостолската резиденција во Кастел Гандолфо, покрај Рим, пред стотици верници, кои што го исполнија дворот на резиденцијата.

"Цврсто сме убедени дека Евангелието пренесува нешта кои можат да се научат, но тоа е комуникација, која предизвикува факти и го менува животот. Темната страна на времето и на иднината е широко подотворена. Оној што се надева живее различно: даден му е нов живот". 

Со оваа вера Авраам го отвора срцето за надеж, која Бог му ја дава, додаде Папата, и заминува на местото кое што требаше да го добие во наследство и заминува без да знае каде оди ", верува само во Бога (Евр 11, 8-12).

Во денешното Евангелие, рече Папата, Исус ни илустрира како очекувањето да се исполни "блаженото ветување" за Неговото присувство, треба да поттикнува уште повеќе на еден интензивен живот, богат на добри дела: "Продадете ги своите имоти и дајте ги во милостиња; Подгответе си ги вреќите, кои што не се кинат, богатство на небото, што не се исцрпува, каде крадец не се приближува и кое што молец не го оштетува (Лк 12,33).


"Ова е повик да се користат работите без егоизам, без жед за поседување или власт според логиката на Бога, логиката на вниманието кон другиот, логиката на љубовта". 

Во таа смисла Папата потсети дека Црквата го слави оваа недела литургискиот празник на некои светци ", кои го имаат ставено својот живот во служба на Бог и во Божјата проспектива:

"Денес Потсетувајќи на празникот на св.Доминик Гусман, кој го основал во ХІІІ век. Доминиканскиот ред со мисијата да ја проповеда во општествата вистината на верата. Во истата епоха св. Киара од Асизи, следејќи ја францисканската харизма и дело, го основа Редот на Кларисинките. На 10 август ќе се потсетиме на св. ѓакон Лаврентиј, маченик во ІІІ век чии реликвии се почиваат во римската базилика Св.Лаврентиј надвор од градските ѕидови. На крајот, црквата ќе не потсети уште на двајца маченици за верата во ХХ век кои загинаа, и двајцата, во концентрациониот логор Освиенцим: на 9 август празникот на Света кармилитанката од Бенедикт од крстот, Едит Штајн, и на 14 август свештеникот св.Максимилијан Колбе, основачот на Армијата на Непорочната Марија. Двајцата ја поминуваат темнината за време на Втората светска војна, без да ја губат од поглед христијанската надеж, Бог на животот и на Љубовта. 







All the contents on this site are copyrighted ©.