2010-06-10 15:17:31

Папата ја затвора Годината на Свештеникот, со бдение и свечена Св. Миса на плоштадот Св. Петар


Вечерва во 20,30 на плоштадот "Свети Петар", Бенедикт Шеснаесетти ќе присуствува на бдението за затворање на Годината на Свештеникот фокусирајќи се на "Верноста на Христос, верност на свештеникот." Прославата ќе заврши со експозиција, поклонение и евхаристиски благослов. Утре наутро, пак, со почеток во 10 ч., Папата ќе ја предводи мисата на припратата на базиликата "Свети Петар", за затворање на годината посветена на свештеници по повод 150 годишнината од смртта на Свети Јован Вианеј. Известува Џизоти Алесандро, излкувајќи неколку размислувања на Папата за свештенското служење:


"Промовирање на залагањетоза внатрешното обновување на сите свештеници" за "посилно и поефикасно сведочење на Евангелието во денешниот свет": со оваа цел, 19 јуни пред една година, Бенедикт XVI и даде почеток на Годината на Свештеникот, во совпаѓање со 150 годишнината од смртта на Свети Јован Вианеј. Тоа е една Година на благодатта, како што пишува Папата во своето писмо "браќа во свештенството" за поводов да се нагласи над сите "огромниот подарокот што свештениците го сочинуваат не се само за Црквата, но исто така и за човештвото." "Црквата - повикува Папата – има потреба од свети свештеници, службеници кои ке им помагаат на верните да се доживее Божјата милостива љубов на Бога и да бидат убедени сведоци :


"Нашата мисија е неопходна за Црквата и светот, кои бараат целосна верност кон Христа и непрестајна заедништво со Него, ова се базира во неговата љубов и бара всушност постојано да теќнееме кон светоста како и Свети Јован Вианеј". ( Втора вечерна молитва, 19 јуни, 2009 г.)


Папата не заборави да го осуди скандалот на гревовите на пастирите кои се "претвараат во крадци на овците" кои им се доверени од страна на Господа. Тој ги повика свештениците да се молат за да бидат сочувани ", од страшната опасност да ги оштетат" оние кои се бара да бидат спасени. Потребна ни е скромна фигура на Св. Јован Вианеј, нагласува Бенедикт Шеснаесетти. Еден Божји човек знае дека во срцето на Исус е "изразена суштината на христијанството." Неговото Божествено Срце, додава, "го повикува нашето срце, и не поканува да излеземе од самите себеси" за да "му веруваме и го следиме неговиот пример, за да бидеме ние самите дар на безусловната љубов." Еве како тогаш, како што свети Јован Вианеј, свештениците се повикани да бидат "службеници, наместо господари на зборот на Евангелието," да биде "свештеници до крај":


"Неговиот живот беше жива катехеза која манифестирше една посебна ефикасност кај верниците додека ја служеше св. Евхаристија, како и обожавањето пред кивотот а и во исповедилницата ... препознаваше во праксата на Светата тајна на Св. Исповед природното и логично исполнување на 'свештеничкиот апостолат". (Општа аудиција, 5 Август 2009)


Душебришните методи на Св. Јован од Арс, заклучува Папата, „ би можеле да се причинат како немногу прилагодливи на дешната социјална и културна состојба„. Всушност, стилот на светецот од Арс ја сочувава непроменета неговата „профетска сила„ и „продолжува да биде исправна поука за свештениците“. Во што се состои всушност суштината на сведочењата на св. Јован Вианеј?


"Ако погледнеме подобро, она што го просвети светецот беше вљубеноста во Христа. Тајната на неговиот душебрижнички успех е токму љубовта која ја имаше кон Пресветета Евхаристија, навестувана, славена и живеена, и која беше стана љубов кон Христовото стадо, и на оние кои го бараат Бога“.

Свештениците, е поканата на Папата, нека го имитираат Св. Јован од Арс растејќи од ден на ден во интимното соединувањето со Христа, учејќи ги сите на оваа единство и интимно пријателство со Христос. Оттука и се надевам дека повикот на свештенството ќе "процвети во харизма напророштвото":


"Постои голема потреба за свештеници кои зборуваат за Бога во светот и кои ќе го преставуваат Бога на светот, мажи кои нема да се предмет на ефемерни (непостојани) културни манири, но спосбни да ја живеат автентично слободата која, само припадността кон Бога може да ја даде со сигурност". (Група од општеството за свештенството, 12 март 2010)







All the contents on this site are copyrighted ©.