2010-05-25 11:01:16

Светиот Отец ја прими делегација од Република Македонија за празникот на Солунските браќа Кирил и Методиј


За празникот на словенските браќа Кирил и Методиј, Папата ја прими делегацијата од Република Македонија предводена од Трајко Велјаноски, претседател на македонскиот парламент. Цитирајќи евангелизаторскта мисија на Солунските браќа, Папата рече дека "без оглед на страдањата, лишување и непријатностите, тие претрпеа се, непоколебливи во верата и надежта во Бог. Во искушувањата и радост, продолжи Папата, "тие се чувствуваа секогаш придружувани од Бога и секојдневно ја чувствуваа неговата љубов и онаа на браќата. Затоа, го заврши своето обраќање Светиот Отец ", нивниот живот е секогаш актуелен пример за христијански живот":
 
"Со даровите на Светиот Дух, колку повеќе се сакаме и се даруваме на другите, толку повеќе Светиот Дух може да дојде во помош на нашата слабост, покажувајќи ни нови патишта за секое наше дејствување и активност". 







All the contents on this site are copyrighted ©.