2010-05-19 10:29:40

Економската криза, социјалните политики и животната средина во центарот на аудиенцијата на Папата со претседателот на Боливија


Светската економска криза, тема за екологијата и поддршката за најсиромашните слоеви од населението се карактеризира на вчерешната аудиенција во Ватикан на Папата со претседателот на мултинационалната држава Боливија, Ево Моралес Ана. "Срдечните разговори, трае околу половина час - вели нотата на Ватиканскиот прес - дозволија плодна размена на мислења за темите што се однесуваат на оваа меѓународна и регионална ситуација и потребата за развој на поголема социјална чувствителност во заштитата на природната средина„.

"Освен тоа - завршува Ватиканската нота - беа разгледани некој аспекти од ситуацијата во латиноамерикански држави а пособено соработката меѓу Црквата и Државата во областа на образованието, здравството, социјалната политика во заштитата на правата на најслабите.Според протоколот, по аудиенцијата со Папата, претседателот на Боливија се состана со Ватиканскиот државен секретар, кард. Тарчизио Бертоне и секретарот за односи со другите земји, архиеп. Доменик Мамберти.







All the contents on this site are copyrighted ©.