2010-05-19 10:24:05

Аудиенција на Папата со претседателите на Советот на Епискописките конференции на Европа


На 17 мај Папата ги прими на приватна аудиенција во Ватикан претседателството на Советот на Епископските конференции од Европа (ССЕЕ), кои по средбата со Папата биле примени и од Ватиканскиот државен секретар, Кард. Тарчизио Бертоне.

"Средбата со Папата - информира комуникаторот на Советот - се одржа во пријатна атмосфера, за време на која Светиот Отец постојано споменувал за својата последна Апостолска посета на Португалија. Разговорите на аудиенцијата биле насочени претежно кон ситуацијата на Католичката црква во Европа; виталноста на некои локални бискупии, претежно во оние земји каде што католиците се малцинство; проблемите со кои се соочува Црквата и активностите на Советот на Епископските конференции во Европа, за подоброисполнување на мисијата на евангелската благовест во Европа. Покрај тоа, биле спомнати бројните состаноци организирани од Советот на Епископските конференции во Европа, на кои европските епископи секогаш го изразувале своето заедништво со Свети Петровиот наследник и благодарност за неговата света поучителна власт.

На крајот на средбата, Кард. Петер Ердо, предстедател на ССЕЕ ,му подари на Папата репродукција на иконата "светци за Европа", изработена од страна на заменик секретарот на ССЕЕ, унгарскиот Грко-католички свештеник, отец Ференц Јанка.

Претседателството на Советот на Епископскиот конференции на Европа е составен од Кард. Петер Едро, архиепископ на Естергом-Будимпешта и претседател на ССЕЕ, со двајцата потпретседатели Кард. Јосип Бозанич, архиепископ на Загреб, Кард. Жан-Пјер Рикар, архиепископ на Бордо и генералниот секретар, отец Дуранте да Куња.

На 19 мај, претседателството на ССЕЕ ќе се сретне со претседателите на некој оддели на Светата Столица за да разговараат за важни Европски прашања и за идните проекти на Советот на Епископскиот конференции на Европа.







All the contents on this site are copyrighted ©.