2010-05-14 18:25:14

Папата во Порто: Црквата е повикана да се сретне со новите предизвици и да има диалог секогаш во името на воскреснатиот Христос


Секој христијанин треба да сведочи за Исус во својата животна и работна средина: тоа го рече Папата на Литургијата во Порто, последената фаза од четиридневната Апостолска посета на Португалија. Литургиската прослава се одржа на плоштадот Авенида ДОС Алиадос, а Папата беше дочекан со бурни аплаузи од 120 илјади верници. Верата не се наметнува, а се нуди без страв и без граници, потпирајќи се само на Исус, објасни Светиот Отец во својата проповед посветена на празникот на Светиот апостол Матија.

“O cristão é, na Igreja e com a Igreja, um missionário de Cristo...”
"Христијанинот во Црквата и со Црквата е Христов мисионер во светот", рече Папата. Ова е најотмена мисија на секоја црковна заедница: да го добие од Бог и да го предаде на светот воскреснатиот Христос, за да стане секоја ситуација на слабеење или смрт во соодветен случај за духовно напредување и живот ". Евхаристијата и Христовото Слово ќе ни направат сведоци на воскреснатиот Исус во светот и во различни сектори на општеството. "Ништо не треба да го наметнуваме, туку да го нудиме", рече Папата, секогаш подготвени да одговориме на оној што ја бара причината за нашата надеж. Од лично искуство знаеме дека без Бог човекот не знае каде да отиде и да го разбере каков е самиот тој, истакна Папата. Затоа, "мора да ги среќаваме другите и да ја предаваме Благата вест за Исус, на сите кои се уште не Го познаваат".

"Во текот на изминатите години ние сме сведоци на антропологистички, културни, социјални и верски промени во човековото општество - рече Папата. Денес Црквата е повикана да се сретне со нови предизвици и да има диалог со различните култури и религии, барајќи заедно со сите луѓе со добра волја мирен соживот на народите:

“O campo da missão ad gentes apresenta-se hoje notavelmente alargado...”
"Денес полето на мисијата е значително проширено и не може да се определува само врз основа на географски причини и услови, бидејќи не очекуваат не само народи со непознавање на христијанството, а социјално-културни средини, а особено срцата кои се вистински примачи на мисионерска дејност. Повикани сме да му служиме на човештвото во нашата ера, поверувајќи се единствено на Исус. Се зависи од почетната точка, која е Исус, зошто од Него ја добиваме мисијата на Црквата и од Него го примаме Божјото Слово, преку Светиот Дух.

“Como a própria Igreja, obra de Cristo e do seu Espírito...”
"Како што е Црквата, дело на Христос и на Неговиот Дух, треба да го обновиме лицето на земјата, тргнуваќи од Бога, и секогаш само од Бога!

На крајот на Литургијата Папата го благослови главниот камен на семинаријата Редемпторис Матер во Порто. "Нашата Црква - рече епископот на градот Монс. Мануел Клементи - ветувајќи му на Папата дека ќе одговори на потребата за обраќање, што е главната тема на неговата Апостолска посета.







All the contents on this site are copyrighted ©.