2010-05-06 18:34:10

Папата на гереналната аудиенција: свет слободен од нуклеарното оружје


Свет слободен од нуклеарното оружје. Ова е апелот упатен од Папата за време на генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, на која учествуваа повеќе од 30 илјади поклоници и верници од целиот свет. За време на катахезата Папата се задржа на второто од трите обврски на свештеникот: да се посвети на луѓето. Светиот Отец потсети на незаменливата улога на семејството во општеството во својата посета на Светата Плаштеница во Торино и на претстојната Апостолска посета на Португалија.

Мирот "се гради врз доверба и почитување на преземените обврски, а не само врз рамнотежата на силите", истакна Светиот Отец и го охрабри процесот на нуклеарното разоружување, во центарот на работните сесии отворени на 3 мај во Њујорк на Меѓународна конференција. Неопходно е "целосно и брзо исполнување на преземените меѓународни обврски", рече Светиот Отец:

"Во овој дух ја охрабрувам иницијативата која има за цел напредно разоружување и изградба на слободни зони од нуклеарните оружја, во перспектива за целосно укинување на овие оружја од планетата. Ги повикувам сите учесници на состанокот во Њујорк да ги надминат историјските навики и со трпеливост да изградат политичка и економска основа на мирот, за помош на целокупниот човеков развој и вистински обид на народите". 

Пред апелот за нуклеарно разоружување, Папата ја започна својата катехеза, Потсетувајќи на посетата на Плаштеницата во Торино на 2-ри мај:


"Ова свето платно може да ја негува и да ја храни верата и да ја зајакне христијанската набожност, бидејќи поттикнува на барање на Христовиот Лик и Телото на распнатиот и воскреснатиот Христос и не тера да размислуваме на Пасхалната Тајна, која е во центарот на христијанската порака". 

Папата ги насочи своите мисли и на специфичните обврски на свештеникот, посебено да се посвети на луѓето. Тоа значи, истакна Папата, да создаде врска помеѓу човекот и Бога. Но, како човек каде може да ја најде оваа врска со Бога, се запраша реторички Папата:

"Верата на Црквата ни кажува, дека самиот Бог ја создава оваа врска, дека со текот на времето не преобразува во вистинска слика на Бога". 

Ете зошто, посочи Папата, обврската на свештеникот е да посветува ",да се спроведува во навестувањето на Словото Божјо, особено преку Тајните, бидејќи Христос е оној кој не посветува и не привлекува кон Бога". Цитирајќи го тоа, Папата рече дека во последните децении се развиле трендови кои го ставаат на прво место навестувањето на Словото. "Оделувајќи го од одговорноста на осветувањето. Всушност, истакна Папата, чудата кои ги изврши Исус "покажуваат дека доаѓањето на Царство се поклопува со Неговата личност и дека говорат и интегралните знаци. Потцетуваат на обврската на свештеникот за посветувањто " ослабнувањето на самата вера во спасувачките вредности на Сакраментите":

"Од особена важност е, да се охрабри во соодветно вероучение, што може да им помогне на верниците да ја сфатат вредноста на Таинството. Но потребно е исто така, по примерот на светиот енорийски свештеник од Арс, свештениците да бидат благоразположени, благородни и внимателни да се даде богатството на благодатта, кои Бог ги стави во нашите раце и на кои не сме "господари", чувари и служители"

Ова е потребно особено во ова време во кое од една страна верата се повеќе слабее, а од друга се открива "една длабока потреба од духовност". Свештеникот не треба никогаш да заборави, рече Папата, дека "мисијата на благонавестувањето и религијата се неразделни. Истовремено, секој свештеник треба да увиде дека е само едно средство во Божјите помисли за спасение:

"Ова сознание треба да ги направи понизни и благородни во служењето на Тајните, според канонските норми, и со длабоко убедување дека нивната мисија е сите луѓе, обединети во Христос, да се дадаат на Бог како жива и света хостиа". 

Папата го продолжи својот повик за свештениците да одделат повеќе време за Сакраметот на Помирувањето за да можат "Верниците да најдат милосрдие, совет и утеха", да се почувствуват сакани од Бога и да се соочат со своето присуство во Божјата Љубов. Папата ги охрабри верниците да бидат во близина на свештениците, особено во оваа година посветена на нив:

"Бидете свесни за големиот дар на свештенството за Црквата и светот; преку нивното служење Господ продолжува да ги спасува луѓето, да биде присутен меѓу нив и да ги посветува. Бидите благодарни за тоа на Господ и пред се бидете во близина на вашите свештеници преку молитвата и поддршка, особено во овие тешки моменти за да можат тие да бидат секогаш пастири според Божјото срце". 

На крајот Папата ги поздрави, и се обрати на учесниците на Конгресот за Семејството, кој се одржува овие денови во Шведска.

“Marriage is truly an instrument of salvation…
Семејството е спасувачко средство не само за бракот, туку и за целото општество". Бракот, додаде Папата, "треба да сме подготвени да ги жртвуваме нашите интереси за доброто на другите и не повикува да го заштитиме дарот на еден нов живот.Оние кои имаат среќа да се родат во едно "грижливо семејство, го откриваат тоа во првото и основно училиште за еден драгоценен живот и квалитетите на еден добар и совесен државјанин. После се обрати на португалските поклоници, Папата ја изрази својата радост за претстојната Апостолска посета на Португалија по повод 10-годишнината од беатификацијата на фатимските пастири, Франциско и Јасин, на кои се појави Дева Марија:

“A todos, sem excluir ninuèm…
"Ги Поздравувам срдечно сите без исклучок, ќе се видиме наскоро во Лисабон, Фатима и Порто". Потоа на германски јазик Папата им честиташе на семејствата и пријателите на новите војници од папската Швајцарска гарда, кои на 6 мај ќе дадат заклетва.







All the contents on this site are copyrighted ©.