2010-04-27 16:54:08

Пред пет години папата Бенедикт 16-ти ја одржа првата генерална ауденција: во изборот на името како петров наследник повикува на „апел за мир“


Утре на плоштадот Свети Петар во 10.30 часот, ќе се одржи традиционалната генерална ауденција како и секоја среда. Утре е и годишнина од посетата на Светиот Отец на настраданите од земјотресот во Абруцо. Но, исто така денес се одбележува и петтата годишнина од првата генерална ауденција на папата. На 27 април 2005 година, новиот папа го објасни значењето од изборот на своето име, инспириран од Светецот од Норча и од папата Џакомо дела Киеза.

Во служба на Христос и на мирот: на првата генерална ауденција како Поглавар на католичката Црква, Бенедикт 16-ти, така ја истакна својата мисија. Една служба на добротворна љубов во името кое е избрано по 264-ти пат како наследник на Петар:


Бенедикт како светиот заштитник на Европа и како Папата, кој ја водеше црквата за време на првата светска војна. Говорејќи пред многу верници од целиот свет, Рацингер посебно рече за чувствата кои ги носи во срцето од почетокот на неговата мисија како Универзален Пастир на Црквата: 

„Восхит и благодарност на Бога кој најпрво мене ме изненади, повикувајќи ме да го наследам апостолот Петар; внатрешен немир пред големината на задачата и одговорноста кои ми беа доверени. Но, радост и ведрина ми даваше сигурноста од помошта Божја, од неговата Пресвета Мајка и светите заштитници.“ 

„Сакав да се викам Бенедикт 16-ти – уверува Папата – за да се поврзам идеално со Неговаа Светост папата Бенедикт 15-ти, кој Црквата ја водеше во многу тежок период предизвикан од првата светска војна“:

"Тој беше храбар и автентичен пророк на мирот кој најпрво се потруди да ја спречи трагедијата на војната, а потоа да ги ограничи штетните последици. По неговите стапки би сакал да ја воспоставам мојата мисија, да служам во корист на мирот кај поединци и народи, длабоко убеден дека мирот е пред се дар Божји, кревок и скапоцен дар кој треба секој еден човек од ден на ден да го посакува и меѓусобно да го гради.“ 

Но, името Бенедикт, исто така го поврзува и со „Патријархот на западното монаштво“. Папата објасни дека Свети Бенедикт е многу празнуван во Германија, особено во Баварија, неговиот „роден крај“. Свети Бенедикт е „темелна референтна точка за единството на европа и силен потсетник на неопходните христијански корени“ на неговата култура:


„На почетокот од мојата служба како Петров наследник го молам Свети Бенедикт да ни помогне да го задржиме средиштето на Христос во нашите животи. Тој секогаш да биде прв во нашите мисли и во сите наши активности.“ 

На првата генерална ауденција, Бенедикт 16-ти не можеше да не се сети на Јован Павле 2-ри. Папата се потсети на Карол Војтила кому „должни сме му за едно прекрасно духовно наследство.“







All the contents on this site are copyrighted ©.