2010-04-23 16:47:34

Божјата љубов е поголема од бурите и бродоломите: генерална аудиенција, одржана од Папата беше посветена на апостолското патување во Малта


Посетата на Црквата во Малта и контактот со големата топлина на нејзините луѓе беше „мотив за една радост а исто така и за удобност“. Со овие зборови, Бенедикт 16-ти, на над 20 илјади верници присутни на плоштадот Свети Петар на вчерашната генерална аудиенција опиша некои впечатоци од неодамнешното апостолското патување. Од мисата во Флориана до славата со младите од Порто ди Валета – како и „емоционалната“ средба со жртвите злоупотребени од страна на свештенството – Папата ги истакна поважните моменти од посетата на медитеранскиот остров.

Малта за Папата е: место кое два милениума ги брани вредностите на Евангелието и е едно од местата кои ги промовира Европа и светот, благодарение на вонредниот мисионрски импулс која го има добиено од најголемиот „мисионер“: Свети Павле. Минатата сабота и недела, папата Бенедикт 16-ти всушност со свои раце ја допре оваа реалност. Делата на Апостолите кои раскажуваат за среќниот и предвиден бродолом на Свети Павле, во Малта во 60 г. после Христа, се однесува на „ретката човечка добрина“, со која жителите на островот во тоа време го прифатија Апостолот и неговите придружници. Папата тоа го нарече „навистина извонредно топло добредојде“ кое жителите на Малта го покажаа со хорот за време на неделната мисата на плоштадот Гранаи во Флориана:

„Тоа за мене беше мотив за една радост а исто така и утеха чувствувајќи ја посебната топлина на луѓето која ги чини едно големо семејство, обединети од верата и христијанската визија на животот“. 

Со голема љубопитност очекуван од медиумите од целиот свет - но всушност далеку од нивната присутност, како опиша самиот Папа - по Мисата во Флориана се случи еден настан надвор од протоколот: 
"После Богослужбата, сакав да се сретнам со некои луѓе злоупотребувани од страна на свештениците. Ја делев со нив болката и, со емоции, се молев со нив“. 

„Довербата“ и „надежта“ која Свети Павле знаеше да им ја пренесе на своите сопатници, пред и после испливањето на Малта, папата рече да ги пронајдеме во денешните жители на Малта, кои се трудат да го комбинираат Евангелието со сложени прашања на нашето време:

Ова секако не е секогаш лесно или очигледно, но луѓето од Малта во христијанската визија на животот знае да најде одговори на новите предизвици. Еден од знаците е, на пример, фактот дека имаат голема почит кон животите сеуште неродени и кон светоста на бракот, избирајќи да не се воведе абортусот и разводот во законот на земјата“. 

Едно од прашањата кое Малта се наоѓа на крстопат е она за имиграцијата. На малиот медитерански остров, констатираше Бенедикт 16-ти, бараат засолниште од насилствата или угнетувањата кои претставуваат проблеми кои Папата ги нарече „комплексни на човечки, политички и правен план“:

Проблемите кои немаат лесен решенија, упорно и настојувачки да се бараат преку заедничка акција на меѓународно ниво. Добро е така да се прави во сите земји, кои имаат христијански вредности во корените на нивната уставна повелба и нивните култури“. 

Апел до Европа и до свеста на нејзините христијански корени, како и до формулирањето на политиките заеднички договори за миграциите. Светиот Отец во Малта во врска со миграциите ги пофали што никогаш не го издале својот „најдлабок христијански позив“, т.е. мирот, и покрај тоа што Островот со векови бил центар на политичко – воените интереси:


„Крстот на Малта е тоа што, сите се поврзуваат со таа нација, и често пати ја ставаат во средината на разни конфликти и судири; но,фала му на Бога, никогаш не го изгубил својот вистински и траен смисол: знакот за љубов и помирување, и ова е вистински позив на луѓето кои ја прифаќаат христијанската порака". 

При крајот Папата се потсети и на толпата која во неделното попладне километар по километар го пратеше неговото пристигнување на Порто ди Валета каде што се сретна со десетици илјадници деца кои славејќи го исчекуваа:


„Во младите на Малта гледав како потенцијални наследници на духовната авантура на свети Павле, повикани како и самиот Свети Павле да ја откријат убавината на Божјата љубов што ни се дава во Христа Исуса (...) за да бидат успешни во нивните обиди и страдањата, да не се плашаат од ’бурите’ на животот, па дури и од бродоломите, бидејќи Љубовта Божја е поголема и од бурите ако и бродоломите".


Откако спомна за многуте мисионери кои Малта секогаш ги има дадено на Црквата во светот, Бенедикт 16-ти генералната аудиенција ја заврши со нова мисла упатена до свештениците. На плоштадот Свети Петар, 400 римски свештеници штотуку вратени од поклонение во Арс, Франција, сакаа лично да му честитат на Папата, кој овие денови го прослави својот роденден и почетокот на шестата година откако е избран за Петров наследник. Поздравувајќи ги нив како и викарниот кардинал Агостино Валини, кој ги водеше, Папата им се заблагодари и им изрази „длабока благодарност“ за сите оние „свештеници низ целиот свет со апостолска ревност се посветени да му служат на Божјиот народ, сведочејќи ја љубовта Христова. По примерот на Свети Јован Вианеј – заврши Папата - бидете трпеливи пастири за доброто на душите".







All the contents on this site are copyrighted ©.