2010-04-20 11:43:14

Благодарност на Папата за петгодишнината од изборот за поглавар на Католичката Црква


Повод за да му се заблагодари на Бенедикт 16-ти за петтата годишнина како Петров наследник, со братска љубов, кардиналот Анџело Содано, деканот на Кардиналскиот колегиум, во апостолската палата во Ватикан организира ручек во чест на Светиот Отец. Папата се заблагодари на кардиналскиот колегиум за неговата блискост и поддршка што тој ја чувствува во остварувањето на неговото министерство. На ручекот присуствуваа 60 кардинали кои се моментално во Рим и исто така 121 кардинали од целиот светот кои духовно беа присутни.


Кардиналот Содано во поздравниот говор најпрво се заблагодари на Папата за срдечното служење во Црквата и светот. Кардиналскиот колегиум, потврди кардиналот Содано, „е една големо семејство, обединето заедно со Петровиот наследник и обврзена е да живее во заедничкиот дух на братска заедница“. Секако, рече кардиналот, не можаат да се заборават „предизвиците кои модерниот свет ги наметнува на секој Христов следбеник.“ Но,потврди тој, „не одржува светлината на христијанската надеж, со сигурност знаејќи дека милоста Божја продолжува да делува во нас.“ Таа надеж во Провидноста, потсети кардиналот дека секогаш го водеше па правиот пат кардиналот Томаш Шпидлик, кој почина минатиот петок. Кардиналот на крај ја обнови благодарснота до Папата со порака за надеж, и својот говор го заврши си поздравната химна „За многу Години (Ad multos Annos)”







All the contents on this site are copyrighted ©.