2010-04-15 11:25:51

Генералната ауденција на Папата: свештеникот не е адекватен на доминантната култура, не се наветсува самиот себе но Христа. Апел за земјотресот во Кина


Во ова време обележано со конфузија околу главните избори, свештеникот е повикан да го навстува Вистината од Евангелието: тоа до рече Бенедикт 16-ти на катехезата од генералната ауденција утринава на плоштадот Свети Петар. Папата, кој вчера попладне се врати од резиденцијата на Кастел Гандолфо, се фокусира на задачата на учењето на Црквата, остварена од страна на свештеникот. За време на поздравот, папата упати посебна мисла за жртвите од земјотресот што го погоди источниот дел на Кина. Атмосферата на плоштадот Свети Петар беше особено радосна со честитките од верниците за 83-иот роденден на Папата што ќе биде следниот петок на 16 април.


На генералната ауденција, Бенедикт 16-ти ја изрази неговата блискост на кинескиот народ потресена од земјотрес што ја погоди источната провинција Qinghai, предизвикувајќи стотици смртни случаи и илјадници повредени и голема штета:


"Јас се моли за жртвите и духовно сум близок за оние кои пстрадаа од големите катастрофи; за нив Го молат Бога за олеснување на маките и храброст во таа катастрофа. Се надевам дека нема да недостига заедничката солидарност".


Поздравувајќи ги поклониците, кои дојдоа од Полска, не заборави повторно да искаже сочувство за жртвите на неодамнешната авионска несреќа во која загина претседателот на Полска. Катехезата на Папата се фокусираше на министерството на свештенството, а особено на учењети за вистините на верата, (munus docendi):

"Живееме во голема забуна околу главните избори на нашите животи и прашања околу егзистенцијата на светот, од каде доаѓа, каде одиме, што треба да правиме за да направиме нешто добро, како треба да живееме, кои се навистина релевантните вредности. Во врска со ова има толку многу контроверзни филозофии, кои се јавуваат и исчезнуваат, создавајќи конфузија околу основните одлуки, како да се живее, бидејќи не знаеме од што и за што сме створени и каде одиме".  

Во оваа ситуација, продолжи папата, Господ ни доаѓа во помош кој се сожали за луѓето, за овци без овчар кои го следеа во пустината. Господ го протолкува зборот Божји. "Тој самиот е Словото Божје и му даде насока. Тоа е задачата на "личноста Христова" на свештеникот":


"Во конфузија и дезориентација на нашето време да се објавува светлината на Божјото Слово, светлината која е самиот Христос во нашиот свет. Затоа свештеникот не научува и проповеда некои свои сопствени идеи, некоја филозофија што тој самиот ја измислил, ја нашол или нешто слично; свештеникот не говори од самиот себе, не зборува за себе за да би си створел можеби фанови или своја сопствена партија; не зборува за неговите сопствени работи, негоите измислици, но во конфузија на сите филозофии, свештеник учи во името на присутниот Христос, ја изложува вистината дека е таа самиот Христос, Неговото Слово, Неговиот начин на живот".


Свештенството значи да биде вметнато во Вистината, повтор Бенедикт 16-ти. А, во контекстот за Годината на Свештенството, потсети дека свештеникот е повикан да го навестува Божјото Слово, Вистината која спасува дури и во тешки времиња како што се во моментов:


"Свештеничкиот глас, затоа, често може да изгледа како "глас што вика во пустината"(Мк 1,3), и токму во оваа се наоѓа својата пророчка моќ: во тоа да не се биде адекватен на било која доминантна култура или менталитет, но само во покажувањето на единствената новост која е способна да направи вистинско и длабоко обновување на човекот,т.е. дека Христос е живиот Бог, Тој е секогаш близу, Бог кој работи во животот и за животот на светот и ни ја дарува Вистината, начинот на живеење".


Свештеникот не смее да ја наметнува својата вистина, но смирената и веселата сигурност од кого тој самиот ја сретна Вистината, беше преопбразен, и затоа не може друго да направи а да не ја проповеда самата Вистина. Свештенството, рече Бенедикт 16-ти, "Никој не може да си го даде или да си го бара од самиот себе", но тоа е "одговор на повикот Господов, на Неговата волја, да станат проповедници не за една лични вистина, но за Неговата вистина."Затоа, ги повика свештениците со доверба да го гледаат примерот на свети Јован Вианеј:


"Тој беше човек со голема мудрост и херојска сила издржувајќи на културни и социјални притисоци од своето време за да ги води душите кон Бога: едноставност, верност и лојалност беа основните карактеристики на неговата проповед, транспарентност на својата вера и неговата светост". 

За време на поздравите на италијански јазик, Папата упати посебна мисла за свештениците пријатели од заедницата на Свети Егидио и за Капеланите од цивилна воздушна пловидба од целиот свет. Честитки и до службениците и на војската од Казерта, охрабрени "да истраат во својата дарежлива посветеност на христијанското сведочење, дури и во воениот свет".







All the contents on this site are copyrighted ©.