2010-04-12 10:46:27

Објавена програмата за апостолската посетата на папата во Кипар


Екуменско патување во срцето на источниот Медитеран, за да ја посети малата црква на Кипар и, преку неа, сите Источни Цркви кои ќе бидат дел од следниот собор во октомври. Ова ќе биде линијата од апостолскоата посета на Кипар која Бенедикт 16-ти ќе ја изврши за два месеци. Папата ќе слета на 4 јуни на меѓународниот аеродром во Пафос, и по слетувањето одма потоа ќе ја одржи екуменската прослава во археолошката црква Агиа Кириаки Chrysopolitissa во Пафос. Следното утро, во Никозија, ќе има серија на состаноци на дневен ред: со претседателот на Република Кипар, со цивилните власти на дипломатскиот кор, и локалната католичка заедница. По попладневните часови, Бенедикт 16-ти ќе се сретне со Неговото Блаженство Крисостомос II, Православмиот архиепископ на Кипар, со кој заедно ќе ручат. Во попладневните часови, Папата ќе ја претседава Месата со парохиското и религиозното свештенството , чесните сестри и сите останати од малите локални Цркви.
Недела, 6 Јуни, Зградата на Спорт Елетериа Никозија ќе биде домаќин каде што Бенедикт 16-ти ќе ја претседава Месата по повод на Instrumentum laboris на Синодот за Блискиот Исток. Истото попладне, Папата ќе ја посети Црквата на Маронитите во Кипар. А потоа и во 17:45 на церемонијата е закажано да го напушти Меѓународниот аеродром од Ларнака и да замине кон аеродромот Чампино во Рим околу 20:45.







All the contents on this site are copyrighted ©.