2010-04-12 10:49:01

Генералната ауденција од Бенедикт 16-ти: Голема е Велигенската радост


Драги браќа и сестри!


Вообичаената генерална ауденција од средата, беше преплавена со прозрачна Велигденска радост. Деновиве, всушност, Црквата ја прослави тајната на Воскресението и ја искуси радоста што доаѓа од добри вести за триумфот на Христа над злото и смртта. Една радоста што трае не само за време на самиот Велигденки ден, но се протега педесет дена,се до Педесетницата. По плачот и големото разочарување на Велики петок, и по молкот очекувајќи ја Светата Сабота, се рашири прекрасна вест: "Господ навистина воскреснал и се појави на Симон" (Лука 24:34). Ова, во историјата на светот, е најголемата "добра вест", ова е "Евангелието", објавено и проповедувано низ вековите, од генерација на генерација. Пасхата на Христос е врховен чин Божјата моќ. Таа е апсолутно извонреден настан, најубавото дело на "тајната Божја“.Таа е толку исклучителна, со што неописиви се димензиите кои се надвор од нашите човечки капацитети за знаење и истрага. Но сепак, тое е исто така еден "историски" и реален факт. Тоа е настан врз кој целата наша вера е заснована. Тоа е средишна содржина во која веруваме и главната причина зошто ние веруваме.


Новиот Завет не го опишува Воскресението Исусово како се извршило. Се дознава само преку сведоштвата од оние кои Исус лично се сретна по неговото Воскреснување. Евангелијата од Матеј, Лука и Марко ни раскажуваат дека веста- "Тој навистина воскресна!" - првично беше прогласена од страна на ангелите. И затоа, веста, која има свое потекло во Бога; но Бог веднаш ја предава на своите „гласници“ за тие ја пренесат на сите. Значи тоа се истите ангели кои ги повикаа жените што уште во раните утрински часови одеа на гробот, за да отидат и брзо да кажат на Неговите ученици: "Тој воскресна од мртвите, пред вас ќе оди во Галилеја, таму ќе го видите" (Мт. 28,7). На овој начин, преку жените, божествената вест достига до секој еден, бидејќи, и тие што тогаш ја добија оваа вест лојално и храбро ја пренесуваа на други, која што не е друго ако не вест која носи радост.


Да, драги пријатели, целата наша вера се базира на постојан и верен пренос на оваа "добра вест". А ние, денес, сакаме да му ја искажеме на Бога нашата длабока благодарност за безбројните легии на верници во Христа, кои жвееа пред нас низ вековите, бидејќи тие никогаш не престанаа да го проповедаат Евангелието што го беа добиле од нивните предци. Добрата вест на Велигден, според тоа, се бара работа на ентузијаст и храбри сведоци. Добрата вест на Велигден, бара работа на ентузијасит и храбри сведоци. Секој Христов ученик, секој од нас е повикан да биде сведок. "Веста" на новиот живот во Христа треба да блесне во христијанскиот живот, мора да биде жива и активна, во кого навистина е способна за промена на срцето, целото постоење. Таа е жив бидејќи самиот Христос е неговата живототворна душа. Свети Марко, на крајот на неговото Евангелието не потсеќа, каде што тој напиша дека апостолите "тргнаа и проповедаа насекаде, додека Господ дејствувал заедно со нив и го потврдувал Словото придружувајќи го со знаци." (Mк 16:20).


Насекаде Господ не праќа како негови сведоци. Но, ние може да биде такви само тргнувајќи од континуираното Велигденско искуство, оваа кое Марија Магдалена го пренесе на останатите ученици, најавувајќи: "Го видов Господа" (Јв 20:18). Со оваа лична средба со Воскреснатиот непоколебливо се темели и централната содржината на нашата вера, свежиот и непресушен извор на нашата надеж, динамика на нашита вжарена љубов. Така, нашиот сопствен христијански живот целосно се совпаѓа со најавата: "Господ Христос навистина воскреснал." Затоа, да дозволиме да не освои шармот на Воскресението на Христа. Пресвета Богородица ќе заштитува и ќе ни помогне целосно да ја вкусиме Велигденската радост, за да знаеме и ние самите да ја ширеме на сите наши браќа. Уште еден пат, Честит Велигден на сите!







All the contents on this site are copyrighted ©.