2010-04-06 15:35:50

Пораката и Благословот Urbi et Orbi


Драги браќа и сестри!

Ви ја пренесувам Велигденската порака со зборовите од Литургијата, која одекнува со античката химна на пофалба на Евреите по преминувањето на Црвеното Море. Книгата на Исходот (сп. 15,19-21) раскажува дека кога тие го преминале морето на суво и ги видоа Египќаните потопени, Мириам - сестра на Мојсеј и Аарон - и други жени танцуваат пеејќи ја оваа радосна песна: "Пејте му на Господа, бидејќи триумфираше славно: коњот и јавачот ги фрли во морето." Христијаните низ целиот свет, ја повторуваат оваа песна на Велигденското бдение, и една посебна молитва го објаснува неговото значење, за молитвата, која сега во целосната светлина на Воскресението, со радост ја правиме наша: "О Боже, дури и во наше време гледаме како блеска Твоите антички чуда: се што направи со твојата силна рака да ослободиш еден народ од ропството фараоново, сега тоа го извршуваш со водата на крштевањето за спасение на сите народи; дозволи човештвото да биде прифатено како деца на Авраама и да учествува во достоинство на избраниот народ ".

Евангелието ни го открива исполнувањето на античките фигури: со Неговата смрт и воскресение, Исус Христос го ослободи човекот од радикалното ропство, односно гревот, и го отвори патот кон вистинската Ветената земја, Царството Божјо, универзалното царство на правдата, љубовта и мирот. Овој "исход" најпрво се случува во внатрешноста на самиот човек, и се состои од новото раѓање во Светиот Дух, ефектот од Крштевањето што Христос ни го даде во неговата пасхална мистерија. Стариот човек му отстапува место на новиот човек; поранешниот живот останува зад нас, додека можеме да одиме во нов живот (сп. Рм. 6,4). Но духовен „исход " е само почеток на интеграленото ослободување, способен за обновување на секоја човечка лична и општествена димензија .

Да, браќа, Велигден е вистинско спасение на човештвото! Ако Христос – Јагнето Божјо - не беше ја пролеал Неговата крв за нас, ние немаше да имавме надеж, а нашата судбината и судбината на нашиот свет неизбежно би била смртта. Но, Велигден го промени трендот: Воскресението на Христа е ново создание, како калемот што може да се регенерира целото растение. Тоа е настан кој длабоко ја промени насоката на историјата, неизбалансирано еднаш засекогаш од страна на доброто, животот и прошката. Ние сме слободни, ние се спасени! Затоа од длабочините на нашето срце извикуваме: "Да му пееме на Господа: навистина е славен."

Христијанскиот народ, по излегувањето од водите на Крштението, испратен е по целиот свет за да бидат сведоци на оваа спасение, за да на сите им ги донесат Велигденските плодови, која се состои од нов живот, избавена од гревот и реставрирана во неговата оригинална убавина, во неговата добрина и вистина. Континуирано во текот на двете илјади години, христијаните - особено светците – ја збогатија историјата со животно искуство на Велигденот. Црквата е народот од исходот, бидејќи постојано ја живее пасхалната тајна и ја шири својата моќ на обновувањето во секое време и насекаде. Човештвото и денес има потреба од еден "исход", и тоа не од површинска корекција, туку од морално и духовно обраќање. Човештвото има потребиа од Евангелско спасение, за излез од кризата која е длабока и како таква бара длабоки промени, од страна на совестта.

Му се молам на Господа Исуса за во Блискиот Исток, а особено во Земјата осветена од неговата смрт и воскресение, луѓето да извршат еден вистински "исход" за конечен крај на војната и насилството, за мир и хармонија. За Христијанските заедници, посебно оние во Ирак, кои чувствуваат страдањата, Воскреснатиот да го повтори зборот полн со утеха и охрабрување, Кој им го беше рекол на апостолите во горната одаја: "Мир со вас" (Јован 20:21).

За земјите во Латинска Америка и Карибите кои се соочува со опасна ескалација на воени злосторства поврзани со трговијата со дрога, Христовата Пасха да ја одбележи победата на мирниот соживот и почитување на општото добро. Населението на Хаити, уништено од земјотресот да го изврши својот "исход" од тагата и очајот во нова надеж, поддржан од меѓународната солидарност. Саканите чилеански граѓани, погодени од страна на друга голема катастрофа, но поткрепени од верата, да издржаат во реконструкцијата.
Во моќта на Воскреснатиот Исус, во Африка доаѓа крајот на конфликти што продолжува да предизвика уништување и страдање и се постигнува оној мир и помирување кои се гаранција за развој. Особено, ја препорачувам на Бога и иднината на Демократска Република Конго, Гвинеја и Нигерија.


Воскреснатиот ги поткрепува христијаните кои, за нивната вера, страдаат со прогонување па дури и смрт, како и во Пакистан. За земјите погодени од тероризмот и верска или социјална дискриминација, Бог да им даде на сила да го продолжат дијалогот и мирниот соживот. За одговорните на сите народи и народности, Пасхата на Христа да донесе светлината и сила, за да економската и финансиската активност конечно биде воспоставена според критериумите за вистина, правдата и братската поддршка. Спасоносната сила од Христовото воскресение да влијае на целото човештво, за таа да може да надмине многу и трагични изрази на "културата на смртта", која има тенденција да се шири, да се изградат иднината на љубовта и вистината, во која секој човечки живот биде почитува и прифатен.

Драги браќа и сестри! Велигден не прави било каква магија. Како од другата страна на Црвеното Море Изрилците ја најдоа пустината, така Црквата, по Воскресението, секогаш да ја наоѓа историјата со своите радости и своите надежи, болки и вознемиреност. Но сепак, и оваа историја е променета, обележана е со нов и вечен завет, и навистина е отворена кон иднината. Затоа, спасени во надежта, ние го продолжиме нашето поклонение, носејќи го во срцето анитчкото и секогаш ново пеење: "Да му пееме на Господа: навистина е славен."
 







All the contents on this site are copyrighted ©.