2010-04-03 10:54:50

Иљадници верници на Крстениот пат во Ерусалим



Утринава на тесните улиците од стариот град во Ерусалим се пресретнаа неколку различни групи: неколку блокови од полиција го регулираа големиот проток на христијани во поклонението. Верениците со големи потешкотии се помешаа со муслимански жители, кои во тоа време одеа да се молат во џамијата. На пладне на Страсниот Пат по кој поминал и самиот Исус Христос беше полн со верници кои дојдоа од Азија, Америка и особено од Источна Европа. Многу православни верници натоварени со големи крстови исто така ја поминаа патекатата на својот Господ. Латинскиот патријарх на Ерусалим, монс. Фуад Tвал, го заврши Крстниот Пат откако претседаваше на страснтиот пат до Калваријата. Верниците од Латинска парохија на Светиот Спасител, заедно со локалните верници и многу поклоници, се приклучија на поворката предводена од францискански чувар на Светата земја, кој предводеше неколку постојки. Оваа река на луѓе од повеќе различни краеви, се собраа во молитва - и покрај вревата во околината - се искачи полека, чекор по чекор, по Страсниот Пат до Светиот Гроб. Крстниот Пат заврши со постојките на Калваријата и потоа пред празниот гроб се помолија за намера на Светиот Отец. Интензивна агенда на Велигден во Ерусалим: вчера попладне, како и секоја година, се одржа традиционалното поклонение од францисканите на Сионска горница, заедно со верниците од различни националности. Животната средина која се идентификува со горната соба и кои се запишани во Евангелието на Марко и Лука, беа прочитани пасуси од Евангелието кои ја раскашуваат Тајната вечера, миење на нозете и испраќањето од страна на Господа - сите епизоди што се случија токму таму. Миење на нозете со децата од латински парохија, и песните, беа важни гестови  доколку се размисли дека на ова место не може да реферира било каква функција. А Францисканите - кои се чувари од 1333 - можат да одат во горната одаја, само два пати годишно: свечената вечерна молитва на Педесетницата и Великиот Четвртокот. Минатата ноќ во Гетсиманија се одржа друг значаен момент на молитва, анимирана од Францисканите и од  чувар на Светата земја. Со нивните локални верници и поклоници си спомнуваат за агонијата на Господа кај каменот каде што на Исус му потече крвава пот, и покрај маслинките каде што ја видоа Неговата прва болка пред да биде предаден. Молитвата заврши со поворка која почна од Гетсиманија,осветлувајќи ја долината Кедрон, река осветлена, која доаѓа до светилиштето на Свети Петар Галиканту. Многу млади луѓе и верници кои во молитва ја поминаа во ноќта на местото на агонијата, и Галиканту каде што беше негирањето на Петар и дворецот на Кајафа, затворот на Исуса.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.