2010-03-29 10:15:15

На Цветници Папата упати апел за мир во Ерусалим. Папата ги охрабри младите да го следат Христос на патот на верата


"Благословен е Царот, кој доаѓа во името Господово!". Овие беа поздравните зборови на верниците за време на Христовото влегување во Ерусалим, потсети во денешното Евангелие на Цветници. Тие се "израз на длабоко страдање, но истовремено се молитва исполнета со надеж. Нека Оној којшто доаѓа во името на Господа, го донесе на земјата она што е на небесата. Нека Неговата божествена царственост се претвори во небесно присуство на земјата! ". Ова е повикот, којшто Папата го упати кон илјадниците верници и поклоненици од целиот свет, коишто утринава го преполниа плоштадот Свети Петар за време на Светата Литургија на Цветници, којашто започна со ритуалот на благословувањето на палмовите и маслинените гранчиња. На Литургијата присуствуваа и илјадници млади луѓе од Римската бискупија, коишто се собраа да го одбележат ХХV Светски младински ден. Пред молитвата Ангелов Поздрав, Папата упати апел "да го следат Исуса и да ја откријат" големината на сопствената човечност ", како и да го прифатат без арогантност" дарот на заедништвото со Него и Црквата, дарувајќи го неговиот мир во светот. Светиот Отец упати и апел за прекин на конфликтите во Светата земја.

Во Беседата Папата повикувајќи се на евангелието читано на благословувањето на палмовите гранчиња, во кое се вели дека "Исус одеше пред сите, качувајте се на Ерусалим", рече:

"Христијанството е едно патување, или поточно едно поклонение во друштво на Исус Христос во онаа насока, којашто Тој не ја покажа и продолжува да ни ја покажува". 

Ова патување, истакна Папата е едно "искачување", не само географски, туку и "искачување кон вистинското величие на човековата природа. Папата рече дека човек може да избере еден удобен и лесен живот или да замине во низините на вулгарноста, лагата и нечесноста. Но Исус оди пред нас и не води до она што е чисто, кон животот според вистината, кон храброста која не се плаши од клеветите и доминантните мислења.

Папата се задржа и на значењето на градот Ерусалим, во којшто се наоѓа Божјиот Храм, чија единственост ја покажува единственоста на Бога. Ова место означува пред сè, дека Бог е еден во целиот свет. Тој е Оној на кого припаѓа целото створение и којшто сите луѓе длабоко во себе Го бараат и на некој начин Го познаваат. Бог е бескрајно и истовремено близок, сака да живее меѓу нас и да биде целосно со нас, истакна Светиот Отец. Но Ерусалим е исто така и градот во кој е упатен Исус, во којшто, заедно со Израелците, ќе ја прослави Пасха. Исус, истакна Папата, е упатен кон Ерусалим со свеста дека самиот тој е Агнецот, за кое се приповеда во Книгата “Излез“: еден агнец без недостаток, од машки пол, кој ќе биде принесен како жртва привечер, пред очите на синовите Израелеви, како "вечно узаконување:

"Но Исус знае дека неговиот живот нема да заврши со крстот. Знае дека ќе се искачи до Божјиот трон и ќе ги помири Бог и човекот во своето тело. Знае дека Неговото воскреснато тело ќе биде новата жртва и дека околу Него, мноштвото на ангели и светци, ќе го изгради на земјата новиот небесен Ерусалим, бидејќи преку страдањето Тој ја отвори границата помеѓу небото и земјата ". 







All the contents on this site are copyrighted ©.