2010-03-25 11:31:02

Генералнa аудиенција на Светиот Отец: помеѓу верата и науката нема противење, туку пријателство


Верата и науката "не се противат, без оглед на недоразбирањата низ историјата, бидејќи светот е како една книга напишана од Бога, којашто ја читаме врз основа на различни научни приоди. Тоа беше водечка тема во денешната катехеза на Папата за време на генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, посветена на свети Алберт Велики "еден од најистакнати наставници на сколастичното богословие".

Папата потсети накратко на биографските моменти од животот на Алберт Велики, роден во Германија на почетокот на ХІІІ век. Тој уште како многу млад заминува за Падова, каде што се посветува на проучувањето на "седумте слободни уметности: граматиката, реториката, дијалектиката, аритметиката, геометријата, астрономијата и музиката. За време на престојот во Падова, ја посетува црквата на фратрите Доминиканци на коишто им се приклучува подоцна, со влез во Доминиканскиот ред. Но, според биографските податоци, рече Папата, титулата за монашки живот во Алберт се развива постепено, благодарение на Беседата на наследникот на Свети Доминик, блажениот Џорџо од Саксонија: 
"Најчесто во нашите млади години, Бог ни зборува и не наведува кон она што има предодредено за нашиот живот. Како и за Алберт, така и за нас молитвата, потхранувањето од Словото Божјо, Таинството и духовното раководство на светите луѓе, се средствата со кои ќе го откриеме и следиме Божјиот глас ". 

По своето свештенско ракополаѓање, Алберт се посветува на предавања во различни центри за богословија на отците доминиканци. Но неговите исклучителни интелектуални квалитети му дозволуваат да го усовршува богословското знаење во еден од најпрестижните универзитети во онаа епоха, парискиот. Во 1248 година станува шеф на новоотворениот богословски центар во Келн, каде работи заедно со неговиот ученик, Тома Аквински. Помеѓу двајцата богослови се воспоставува врска на взаемна почит и пријателство, која ќе придонесе за развојот на науката. Во 1254 година е назначен за провинциски настојател на "Тевтонската провинција на отци Доминиканци", вклучувајќи ги заедниците распоредени во Централна и Северна Европа.


Неговата дарба, продолжи Папата, не остануваат незабележани од Папата Александар II, кој за кратко време го зема кај себе, за да ги искористи неговите богословски совети. Подоцна Папата го назначува за епископ на Регенсбург. Во 1274 година Алберт учествува на Вториот собор во Лион, свикан од Папата Григориј Х со цел да се воспостави единство помеѓу латинската и грчката црква по расколот од 1054 година Умира во 1280 година во манастирот на Светиот Крст во Келн. Во 1622 година е прогласен за блажен, а во 1931 година, Папата Пио ХІ го прогласува светец и учител на Црквата, рече Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.