2010-03-22 11:48:37

Кардинал Анџело Бањаско: Ограничувањата и грешките не можат да го помрачат вековното искуство на Црквата


"Сонот да растат генерации на политичари инспирирани во христијански дух, поминува низ способноста да се воспитуваат и формираат граѓаните и државата со право и ангажман во социјалниот живот, кадешто се живее со здрав секуларен карактер, на којшто често се повикува Светиот Отец. Изјави претседателот на Италијанската епископска конференција, кардинал Анџело Бањаско на состанокот организиран во Милано од Комунионе и Либерационе. "Апел за учество и работа, многу често ретки во нашиот актуелен контекст, ако не сака да биде реторско, бара енергија и ресурси за воспитување на младите генерации. Понекогаш пред големиот број ситуации на стари и нови насилства - рече кардиналот - светот продолжува да биде раскрснат помеѓу нерамноправности и неправди, можеме да се запрашаме колку е ефикасно христијанството во својата хуманост, колку е ефикасна проповедтта на верата. "А што е и што би бил светот без Христовото Евангелие? Без присуството на Црквата со своите свештеници, монаси и монахињи, групи, здруженија, движења? Младите генерации - рече кардиналот – тежнеејќи кон демократијата" многу често не се во состојба да ја управуваат кон основните вредности на правдата, слободата и мирот ". "Се наоѓате - објасни претседателот на Италијанската епископска конференција - пред еден вид отстапка пред јазикот на еден збунет свет": Во оваа ера "побрканоста" и "нецелосното знаење", веќе осудени од Јован Павле Втори во енцикликата “Фидес ет рацио“ треба да се поразени од "радикалниот сомнеж" и од "епистемологичниот очај" поминува од свеста дека "воспитната потреба се состои од потребата за обука и за учење.







All the contents on this site are copyrighted ©.