2010-03-22 11:45:56

Безкомпромисно со гревот и попустливи со луѓето, за поголема правда: повик на Папата за време на Ангеловиот Поздрав


Да бидеме бескомпромисни со гревот и попустливи со луѓето: ова беше поканата упатена до верниците вчера од страна на Бенедикт XVI за време на Ангеловиот Поздрав, во Петтата недела од Велигденскиот пост.

"Нека оној што е без грев нека прв фрли камен на неа". Така вели Исус кога му беше побарано од страна на книжниците и фарисеите, да ја осуди блудната жена, за којашто мојсевиот закон предвидува каменување:

"Овие зборови се полни со разоружувачка сила на вистината, која што го разрушува ѕидот на хипокризијата и го отвора умот за поголема правда, љубов, каде што се исполнува секоја заповед". 

Бенедикт Шеснаесетти се задржа на приказната на евангелистот Јован, прочитана на денешната литургија, што укажува на сцена полна со драматичност" од зборовите на Исус - рече - зависи животот на таа личност, но и неговиот сопствен живот ", бидејќи книжниците побараа од Исуса да му суди на грешникот, со цел да" му постават замка "и да го предизвикаат да направи лажен чекор":

Но Исус "знае што има во срцето на секој човек и сака да го осуди гревот, но за да се спаси грешникот, покажува и хипокризија". "Значи, Исус е самиот и Закон, и Правда, па оттука неговата одлука". Исус – примети Светиот Отец – ослобудувајќи ја жената од нејзиниот грев, ја воведува во нов живот ориентиран кон добро. "Ниту јас можам да те осудам – и вели - оди си и не греши повеќе": 
"Бог ни посакува само добро и живот. Тој се грижи за здравјето на нашата душа, преку неговите министри, ослободувајќи не од злото со Сакраментот на помирување, па така никој да не загине и сите да дојдат до покајание". 







All the contents on this site are copyrighted ©.