2010-03-08 11:56:27

Бенедикт XVI: Бог не сака злото и страдањата да бидат казни за нашите гревови


Повикот за обраќање, којшто го карактеризира Великопосниот период прдвидува читање на човечката историја во перспективата на верата и со “Божјите очи”, којшто дури и кога дозволува луѓето да страдаат, го прави за едно поголемо добро. Ова го истакна Бенедикт XVI во краткото размислување пред молитвата Ангел Господов на плоштадот "Свети Петар" пред собраните, повеќе од 20 илјади поклоненици и верници од целиот свет.

Повикувајќи се на првото читање за Третата посна недела, раскажувањето за Божјото појавување на Мојсеја кај горската грмушка, Бенедикт XVI истакна дека Бог се јавува на различни начини во животот на секој еден од нас:


За да можеме да го препознаеме Неговото присуство е неопходно да се доближиме до него со длабока почит и свесни за нашата ништовност. Во спротивно, нема да бидеме способни да Го сретнеме и да влеземе во заедништво со Него. Како што пишува апостол Павле, оваа приказна сака да ни покаже дека Бог не се објавува на горделивите и несериозните, туку на сиромашните и смирените во Неговите очи”. 

Бенедикт XVI се задржа и на евангелскиот расказ за убиството на неколку галилејци по наредба на Понтиј Пилат и колапсот на Самоиловата кула којашто предизвикала смрт на неколку минувачи. „Пред лесниот заклучок што го гледа злото како резултат на божествена казна - рече Папата - Исус го открива вистинското Божје лице, Тој е добар и не сака зло”. Како што вели дека сиромаштвата не се резултат на личните обвинува, Исус така ги повикува и неговите слушатели да „направат различено толкување на фактите, ставајќи ги во перспективата на обраќањето”:

„Несреќите и немилите настани не треба да предизвикуваат во нас љубопитност или барање на наводните виновни. Тие треба да бидат повод за размислување, за да се победат илузиите дека можеме да живееме без Бог и да ги зајакнеме, со помош на Господа, нашите напори за промени во животот. Пред гревот Бог се открива полн со милосрдие и не пропушта прилика да ги повика грешниците на оддалечување од злото, на растење во Неговата љубов, на помаѓање во потребите на ближните, се со цел да се спасиме од вечната смрт и живееме во радоста од благодатта“. 







All the contents on this site are copyrighted ©.