2010-03-03 17:58:51

Папата Бенедикт XVI во чест на Свети Бонавентура: Црквата да го следи неговиот идеал за живот во целомудрие, сиромаштија и послушаност


Црквата треба да го следи мудриот, беден и послушен начин на живот. Ова го потврди денес Папата Бенедикт XVI за време на генерална аудиенција, посветена на Свети Бонавентура од Бањоредџо, учител на Црквата, успеал да го хармонизира фрањевската духовност со теологичното размислување. Во моментот наменет за поздрави, Папата потсети за фигурата на Шопен, за кого денес се слави вториот век од неговото раѓање и ги охрабри локалните Цркви да вложат повеќе напори за поддршка на Ромите.


"Еден добар човек, сакан, благ и милосрден, исполнет со благодат, сакан од Бога и од луѓето. Бенедикт XVI ги искористи зборовите на една древна папска пофалба за да го истакне профилот на Свети Бонавентура од Бањоредџо. Еден човек на делувањето и контемплацијата ", истакна Папата, којшто придонесе за создавање на една хармонија меѓу верата и културата. Светиот Отец потсети на својата неодамнешна посета на Бањоредџо (Италија) и ја сподели со верните својата љубов кон Свети Бонавентура уште од своите млади години:


"Сакам да истакнам дека нудејќи ви го овој аргумент, чувствувам одредена носталгија, бидејќи се сеќавам на истражувањата, кои како млад ученик ги правев за овој посебно ценет, за мене, автор. Неговото учење влијаеше многу на мојата формација ".


Бенедикт XVI потсети на невообичниот човечки живот на Свети Бонавентура, со световното име Џовани да Фиданца. Еден епизода, уште кога бил момче, рече Папата, го погодува многу длабоко. Благодарение на Свети Фрањо Асишки, на кого мајка му се моли, е спасен од тешка болест. Џовани си го поставува прашањето за својот живот и привлечен од евангелскиот пример на браќата Минорити, е примен во големото семејство на Следбениците на Свети Фрањо. Папата потсети на зборовите на самиот Свети Бонавентура за причините на својот избор:


"Во писмото упатено до еден друг монах, пишува:"Се исповедувам пред Бога, дека оваа причината ме натера да го сакам уште повеќе животот на блажениот Фрањо и поради тоа што тој личи на почетокот и растењето на Црквата. Црквата започнува со обични рибари и се збогатува потоа со познати и мудри научници; верата на блажениот Фрањо не била утврдена од луѓето, туку од Христос ".


Во 1243 год. Џовани го облекува фрањевското одело и го добива името Бонавентура. Така во Париз го започнува и своето богословско усувршување. Во годините акумулира "едно лично видување и духовна чувствителност со голема важност". Потоа, рече Папата: ", станува еден од најважните богослови во историјата на Црквата. Посебно го истакна насловот на тезата, којашто тој ја има кажано за да се здобие со правото да предава богословие: "Прашања за познавањето на Исус Христос":

"Овој аргумент ја покажува централната улога што Христос ја имал секогаш во животот и поучувањето на Бонавентура. Можеме да кажеме несомнено дека целата негова мисла е длабоко христологична ". 







All the contents on this site are copyrighted ©.