2010-01-14 16:19:27

Малезија: муслимани ги бранат црквите од нападите на интегралистите
 


Групи муслимани во Малезија организираа со христијаните стражарски ред, во знак на солидарност, во црквите со цел да се избегнат насилствата кои беа регистрирани изминативе денови. Извести за агенцијата Фидес, монс. Марфи Пакиам, архиепископ во Куала Лумпур, нагласувајќи дека „во Малезија се вистинска реткост гестовите од таква природа“ осудувајќи го „секој вид на насилништво и сите оние кои тежнеат да го разнишат општеството со неред и со стварање конфликти помеѓу верските заедници“. Агресиите кои сеа голем страв во ова азиска Држава се завршија со законот на Високиот суд кој им дозволи на христијаните слободно да го изговараат името Господово, или арапското име Алах, кое воедно е и името за Бога на Малезиски. Проблемот се јавил кога исламскиот закон „фатва„ не им дозволувал повеќе на христијаните да го користат терминот Алах. Моментално ситуацијата е под контрола изјави архиепископот Пекиам за „фидес“, „власта и полицијата дејствува против секое радикално движење и протести“.







All the contents on this site are copyrighted ©.