2009-12-18 10:37:52

Албанскиот примиер го посети Папата


Папата Бенедикт XVI го прими, во саботата 12 декември, албанскиот примиер, Сали Бериша, кој потоа се сретна со државниот секретар кардинал Тарчизио Бертоне, и со надбискупот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите. Во текот на разговорот беа разменени ставови за различни теми за актуелната меѓународна ситуација. Со посебно внимание на Балканскиот регион. Исто така бил направен преглед на различните аспекти на билатералните односи, изразувајќи позитивна оценка за нивниот развој. Конечно била погодна и темата за традиционалните вредности на семејството, како заедничко наследство на албанскиот народ. Како што пренесува новинската агенција, премиерот Бериша во текот на средбата го повика Папата да следната година да ја посети Албанија, во чест на стогодишнината од раѓањето на Блажената Мајка Тереза од Калкута, која е родена во едно католичко албанско семејство.







All the contents on this site are copyrighted ©.