2009-12-05 15:34:51

Kатахеза на Папата на генералната аудиенција – 2 декември 2009


Папата Бенедикт XVI говореше во својата катехези на генералната аудиенција за Гулиелм от Свети Тиери кој бил пријател и обожавател на Бернард од Клерво. Драги браќа и сестри, во една од минатите катехези ви го преставив ликот на Бернард од Клерво, „благиот учител„ голем протагонист од 12 век. Неговиот биограф – пријател и обожабател – бил Гулиелм от Свети Тиери за кој ќе зборувам во моето размислување ова утро. Гулиелм се родил во Лијеж помеѓу 1075 и 1080. По потекло од богата фамилија, обдарен со жива интилигенција и вродена љубов према учењето, посетувал познати училишта во она време, како оние во неговиот роден град и во Ремс, во Франција. Лично се сретнал и со Абелард, учител кој ja применувал филозофијата на теологијата на таков оргинален начин кој вродил многу негодување и спротиставувања. И Guillaume во веза за тоа изразил сопствени резерви, потикнувајќи го својот пријател Бернардо да го даде својот став према Aбелард зборуваше Светиот Отец.


Одговарајќи на таинствениот и неодолив Божји повик на посветен живот, Гулиелм 1113 година влегува во бенедиктинскиот манастир Свети Никез во Ремс и неколку години покасно станува опат на манастирот Свети Тиери, во бискупијата Ремс. Во таа доба било многу раширано барањето за прочиствување и обновување на монашкиот живот, како би го направиле автентичeн на евангелскиот. Guillaume делувал во тој правец во својот манастир, и општо во бенедиктинскиот ред. Меѓутоа, во своите обиди за реформа се сретнал со бројни противници и така, и покрај тоа што неговиот пријател Бернард од тоа го одвраќал, 1135 ја напуштува бенедиктинската опатија, го соблекува црниот хабит и облекува бел, и им се приклучува на цистерцитима во Синьи. Од тој момент па се до смртта, 1148 година, се посветил на молитва и контемплација на Божјите мистерии, кој одсекогаш биле предмет на неговите најдлабоки желби, и како изготвување на духовни списи, кои завземат важно место во историјата на монашката теологија истакна Папата.

Еденo од неговите први дела го носи насловот Природата и достоинството на Љубовта. Тука е искажена една од темелните Guillaumeovi идеа, која важи и за нас. Главната сила која ја крева човечката душа е љубовта. Човечката природа, во своето најдлабоко битје, се состои во сакање. На крај, на секое човечко суштество му е доверено само една задача: да се научи да сака, да сака, и тоа искрено, вистински, бесплатно. Ама само во Божјото училиште човекот може таа задача да ја исполни и да ја постигне целта за кој е створен. Пишува имено Гулиелм: „ Љубовта е уметност над секоја уметност... Љубовта ја буди природата на Создателот. Љубовта е силата на душата, која ја носи неа на себе како некој роден терет кон местото која е сопствена цел“. Да се научи да се сака бара долг пат, кој Гулиелм го дели на четри етапи, кој одговараат на индивидуалните човечките животни доби: детинство, младост, зрела доба и старост. На тој пат личноста мора сама на себе да наметне делотворна аскеза, силна самоконтрола како да го отстрани секој неуреден приклон, секое попуштање на себичноста и обединување на сопствената воља во Бога, изворот, целта и силата на љубовта, се додека не успее до врвот на животот, кој Гулиелм го нарекува „мудрост“. На крајот на тој аскетцки пат, се вкусува голема смелост и милина. Сите човекови способности – ум, воља, чувства – почиват во Бога, се познаваат и се сакаат во Христос и понатаму настави Бенедикт XVI.

И во другите свои дела, Гулиелм говори за длабокиот позив на љубовта кон Бога, која претставува тајна на успешен и среќен живот и кои тој ги опишува како константна и се поголема желба, која самиот Бог ја втиснал во човечкото срце. Во една од своите медитации говори: „предметот на таа љубов љубов со голема „Љ“, е Бог. Тој е кој се излева во срцето на оној кој сака, и го прави кадар да го прими. Се дарува до заситеност и на таков начин да човекот не почуствува жед за таа љубов. Тој љубовен занос го исполнува човекот до крај“. Паѓа во очите фактот дека Guillaume, кога говори за Бог дава голема важност на афективната димезија. На крај, драги пријатели, нашето срце е направено од месо, и кога го сакаме Бог, кој е самата Љубов, зар не можеме да влеземе во тој одност со Госопод такашто нашете чисти човевечки чувства, како што е нежноста, чувствата? Самиот Бог, стана човек, сакал да не сака со телесно срце нагласи Светиот Отец.
Според Гулиелм, љубовта има едно друго важно својство: го просветлува умот и му овозможува да го запознае подобро и на подлабок начин Бога. Познавање кое се темели на чувства а умот ги смалува, ама не ги отстранува далечините помеѓу субјектот и објектот, помеѓу „јас“ и „ти“. Напротив љубовта раѓа привлачност и заедништво, се додека не дојде до некоја трансформација и спојување помеѓу субјектот кој сака и предметот љубов. Таа реципрочна и пристрана љубов овозможува едно многу длабоко познавање од оноа што самиот ум неможе да го стекне. Се објаснува така еден Гулиелмов познат израз: "Amor ispe intellectus est – љубовта самата по себе е почеток на знаењето". Драги пријатели, нели е така во нашите животи? Можеби е вистина дека ние го познаваме само оној што го сакаме и онаа што сакаме !? А тоа вреди пред се во познавањето на Бога и неговите мистерии, кој ги надминува сваќањата на нашиот ум: Бог се запознава и Бог се сака.

Драги браќа и сестри, овој писател, кој можеме да го наречеме „поет на љубовта“ не поучува нас како да извршиме во нашите животи темелно определување, кое дава смисла и вредност на сите други одлуки: сакај го Бога и за неговата љубов , да го сакаме нашиот ближен; само така ќе можеме да ја најдеме вистинската радост. Да стапниме во школото на светецот каде би можеле да научиме да сакаме на вистински и комплетен начин. Една млада светица, црковна учителка, Тереза од Детето Исус, да кажеме и ние на Бога дека сакаме да живееме од љубов: " Јас те сакам, и ти тоа го знаеш, божански Исусе! Нека ме запали со својот пламен Духот на љубовта. Сакајќи те Тебе го привлечувам Отецот, кој, непрестано, го чувам во моето срце. О Тројство! Ти си затвореник на мојата љубов, Живеам од љубов, овде на земјата, значи да се даруваш бесконечно, не барајќи за тоа плата... во љубовта нема сметање. Јас дадов се на Божјото срце, кое е полно со нежност! И одам низ животот лесна како перо. Немам повеќе ништо, моето единствено богатство е да живеам од љубов" – со овие зборови ја заврши катахезата Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.