2009-11-28 09:35:27

Папата на генералната аудиенција: светот ќе биде посреќен доколку луѓето ја имитираат љубовта на Пресветата Троица


Ако помеѓу луѓето би биле моделизирани како љубовта што ги поврзува трите Божански лица, светот би било најсреќно место, каде секој би живеел „за другиот (ближниот)“: беа зборовите на Папата Бенедикт 16-ти со кои ја заврши катехезата од вчерашната генерална ауденција, во аулата Павле 6-ти. Папата извлече инспирации од делата на двајца монаси од 12-иот век, Уго и Рикардо, кои живееа во познатата опатија во Париз на Сан Виторе.


Човечката историја не е едноставно слепа серија на настани која е управувана од хаосот, туку место каде Бог го испрати својот Син и каде продолжува да делува преку Светиот Дух. И доколку човечкиот ум би бил во состојба да размислува за небесните реалности по примерот на Пресвета Троица, и да дејствува во согласност по примерот на Пресветата Троица, би открил дека „чудото“ за среќа е можно исто така и овде на земјата. Сосема спротивни синтези имаат поучувањата од двајцата теолози пред 800 години – Уго и Рикардо од Свети Виктор – кои Светиот Отец ги претстави на илјадниците верници кои беа присутни во аулата Павле 6-ти. Во Париз, во 12-иот век, Свети Виктор е опатијата со „силен културен идентитет“, така што монасите од оваа опатија се викаа и „Викторијани“. Во неа „се реализира среќна синтези“ помеѓу две теолошки струи: монашката, повеќе „ориентирана кон контемплацијата на тајните на верата“, и сколастиката, која повеќе го употребуваше разумот „за разјаснување на тајните “ Божји. Уго од Свети Виктор, рече Папата, многу се интересираше „за односот помеѓу верата и разумот“ и неговата теолошка наука ја базира на истороиско-литературна гледна точка од Библијата:


„Со други зборови, пред да се открие симболичното значење, подлабоките димензии од библиоскиот текст, помагаат да се запознае и продлабочи значењето на непишаната (говорната) историја во Светото Писмо: поинаку – предупредува со ефикасна споредба – се рискира да се биде како оние кои ја изучуваат граматиката а ја игнорираат азбуката“. 

Од овде, тврди монахот Уго, ако се знае значењето на историјата во Библијата, тогаш дури и човековите настани „се означени од страна на Провидноста, според својот нацрт“:
 
„Историјата, за Уго од Свети Виктор, не е резултат на слепа судбина или апсурден случај, која би требало туку така да се појави. Во спротивно, во историјата на човекот делува Светиот Дух, кој придонесува за прекрасен дијалог помеѓу луѓето со Бога, нивниот пријател. Оваа теолошка визија за историјата ја нагласува Божјата спасоносна дејност, која всушност доаѓа и делува во историјата, речиси станува дел од нашата историја, но секогаш зачувувајќи и почитувајќи ја слободата и одговорноста на човекот“. 

Покрај тоа Уго од Свети Виктор даде една дефиниција за „светата тајна“ која на ефикасен начин ја покажува „телесноста“ на симболот која истата света тајна ја прави видлива, како и силата на благодатта која ја содржи:


„Важно е и денес служителите на литургијата, посебно свештениците, со пасторална мудрост да ги ценаат сопствените знаци од светопричасните обреди – конкретноста и прегледноста на Милоста – внимателно негувајќи ја катехезата, се додека секое чевствување на светата тајна не е видена од страна на верниците со посветеност, интензитет и духовна радост“.  
За разлика од Уго, неговиот ученик Рикардо е мистик и затоа ја „привилегира алегориската смисла“ од Библијата – рече Папата. Во своето дело, монахот:

„На верниците им нуди духовен пат кој посебно ги повикува да ги вршаат доблестите, учејќи ги на дисциплина и со разумот да ги регулираат внатрешните емотивни чувства. Само тогаш кога човекот ќе ги постигне рамнотежата и  зрелоста во оваа област, подготвен е да пристапи кон контемплацијата (...) Контемплацијата сепак е целта до која треба да се дојде, резултатот од еден напорен пат, која го вклучува дијалогот помеѓу верата и разумот, т.е. теолошкиот дискурс.“ 

„Оваа барање на размислување за да се разбере верата“, истакна Папата, се практикува „на убедлив начин“ од Рикардовото ремек-дело за Пресветата Троица. Во тоа дело акутно е опишан односот на љубовта која ги обединува трите Божествени Лица, и која ги карактеризира со „бескрајна радост“. Еден модел, потврди Папата, кој ако човекот го имитира, човештвото ќе биде позитивно:


„Како би се сменил светот доколку во фамилиите, во парохиите и во сите други заедници би се живеело секогаш по примерот на трите Божествени Лица, кои не само едно Лице да живее со другото Лице, туку да живее за другото и во другото Лице! Бев потсетил пред некој месец на Ангеловиот Поздрав: ’Само љубовта не прави среќни, затоа што живееме во однос, живееме за да сакаме и да бидеме сакани“. 

На крајот Папата поздравувајќи ги присутните на повеќе јазици, се обрати до младите, до болните, до новите брачни парови изјавувајќи неколку мисли за почетокот на Адвентот:


„Ве поттикнувам, вас младите, да го живеете тоа ’силно време’ со будна молитва и великодушна евангелска  посветеност. Ве охрабрувам, вас болните, со жртва на вашите болки да го поддржете патот за подготовка на големиот христијански празник – Божиќ. На вас младоженците, ви посакувам да бидете сведоци на Духот на љубовта кој ја оживува и ја поддржува целата Божја фамилија“. 







All the contents on this site are copyrighted ©.