2009-11-25 18:59:04

Конго: Ослободени се 22 деца, киднапирани од страна на гирилците


„Еден знак на надеж“: беа зборови на мисионерот Романо Сегалини, во Васта, град од северо-источниот дел на Демократската Република Конго, близу границата со Уганда, кој изјави за агенцијата Мисна за ослободувањето на 22 деца, кое се случи пред неколку дена во Лукуку, во близина на рударскиот центар на Дурбар. 11 момчиња и 11 девојчиња беа киднапирани од бунтовниците на Господската отпорна армија, Лра (Lord’s resistance army) и со месеци живееа во шумата. Помалите деца се од 10-11 годишна возрсат и сите претрпеа физички и психички насислтва. „Тие се трауматизирани и некои од нив не се во добра здраствена состојба – продолжи мисионерот – и се надеваме да стапеме во контакт со нивните фамилии те да им ги вратиме нивните најмили, секако додека тие тоа го сакаат“. Повеќето деца се од соседните области, додека едно девојче е ќерка на судански бегалец, чие село беше рацизиран од страна на бунтовниците. Со месеци бунтовниците од Лра организацијата ги минаат границите од Уганда во Конго, во Судан, дури и во Централна африканската Република само со цел да вршаат насилства, така што Владата на унгана доби дозвола од Владите од соседните држави да ги следи.







All the contents on this site are copyrighted ©.