2009-11-16 12:11:22

Мусул: pадост за новоизбрниот Kалдејски архиепископ


Голема е радоста во Мусул , Ирак, за новоизбрниот Kадејски архиепископ. Папата го прифати изборот кој Синодот на Епископите од Калдејската Црква канонски го избра свештеникот Емил Шимун Нона, од Алкош. О. Емил Шимун Нона, роден во Алкош пред 42 години, го наследува Паулос Фарај Рахо, кој на 29 февруари беше киднапиран и после две недели беше пронајден мртов во Мосул. По авршувањето на средното образование, во 1985 о. Нона влезе во патријаршиската калдејска Богословија, а на 11 јануари 1991 во Багдад, беше посветен за свештеник. Од 1993 до 1997 година, тој го заменувае парохот во Алкош, додека до 2000 беше и парох во истата парохија, од кога се запиша на постипломски студди на Папскиот Универзтет Латерано во Рим. Во 2005 година докторираше на истиот унверзтет и се врати во татковината извршувајќи ја душопастирската служба како парох во Алкош. За сега е прото-синкел во епархијата од Алкош и професор по Антропологија во „Вавилонскиот колеџ“. Од јазиците ги зборува арапскиот, италјанскиот, калдејскиот и помалку ангискиот. Во Мусул, по смртта на Рохо, ситуацијата продолжува и понатаму да биде тешка за католиците. Хуманитарната организација се сеќава на егзодусот на илјадници христијани заради нападите и насилствата кои доведуваа ризик до „уште една катастрофа на човековите права“.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.