2009-09-30 15:21:03

Пораката на Папта за Светскиот Ден за социјални комуникации 2010, посветена на свештениците и дигиталната ера


Во годината на Свештеникот, Бенедикт ХVІ размислува за црковните пастири и нивниот потенцијал во областа на новите медии. Тоа е пораката на Папата за 44-от Светски ден на Социјалните Комуникации: „ Свештеникот и пастирската дејност во дигиталниот свет: новите медии во служба на Словото„. Со оваа тема – се вели во извештајот на Папскиот совет за социјални комуникации – свештениците се поканети да гледаат кон новите медии како на средства „со можен голем ресурс за нивната мисија во служба на Словото„ и да бидат окуражени „за средбата со предизвиците на новата дигитална култура".


Ако бидат запознаени и доволно отценети дигиталните средства за комуникација – се вели во документот – тие можат да предложат на свештениците едно богатство од информации и содржина, кои во минатото ги немале, а денес ги олеснуваат формите на соработка и растот на обштеството.

Благодарение на новите медии „оној што го проповедува Словото на животот може да стигне преку зборови, звуци и образи – вистинска и брза граматика на дигиталната култура – до некои луѓе и дури и до цели општества низ сите континенти, за да создаде простор за дијалог, да го предложи и да го реализира текот на комуникацијата".

Како заклучок во извештајот на Папскиот Совет за социјални комуникации пишува дека ако свештениците употребуваат нови медии „мудро, со помошта на експерти во технологијата и културата на комуникациите, можат да станат ефикасни средства за вистинска и длабока евангелизација и комуникација".







All the contents on this site are copyrighted ©.