2009-09-28 10:44:15

Неочекувано голем број на верници на мисата предводена од Папата во Брно


Сто педесет илијади верници присувствуваа во неделата на 27. септември, на Мисата предводена од Светиот Отец недалеко од аеродромот во Брно, во Чешка. Прусувствуваа и илијадници верници од Словачка, Полска, Германија, Унгарија и Австрија. Тоа беше најголема верста средба во историјата на Чешката Република, но и прва посета на Папата на тој град. Светиот Отец во проповедта потсети дека Исус дошол за да на сите ожалостени и сиромашни и го навести ослободувањето и радоста. Тој е единствена сигурна надеж којашто е потребна на оваа земја, Европа и на целото човештво – рече Папата. Искуството од историјата покажува до какви се не бесмислености човекот доаѓа кога ќе го исклучи Бога од озрачјето на своите одлуки и своето делување, и како не е лесно да се изгради општество засновано на вредностите на доброто, праведноста и братството, бидејќи човечкото суштество е слободно и неговата слобода останува многу кревка. Затоа вреди слободата постојано да се користи за постигнување на добро, а не како лесно барање на правилни уредувања на човечките работи, тоа е задача на сите поколенија – Истакна Папата и додаде дека вистинската надеж се остварила во Исусовата смрт и воскресение; Тој нас не ослободил од ропството на самољубието и злото. Меѓутоа, - напомна Папата – сегашната култура, често е радикален предизвик за верата, а со тоа и на надежта. Навистина, и верата и надежта, во модерново време како да се помешани, бидејќи се прогонувани на лично и небеско подрачје, додека во конкретниот и јавниот живот, се има зацврстено поверението во научниот и општествениот напредок. Сите знаеме дека тој напредок е двосмислен: дава можност за добро заедно со негативните предвидувања – примети Светиот Отец. Напоменувајќи понатаму дека техничкиот развој и подобрувањето на општествените структури е важно, Папата истакна дека тие не се достапни со цел да се гарантира моралното богатство на друштвото. Човекот треба да се ослободи од материјалното ропство, но тој треба да биде спасен, и тоа е уште подлабоко од злото коешто го зафаќа духот. А кој може да го спаси освен Бог, кој е Љубов, и којашто во Христа го открива своето лице на семоќен и милосрден Отец? Наша цврста надеж е Христос – истакна Папата.







All the contents on this site are copyrighted ©.