2009-09-24 11:05:41

Заедничка аудиенција во среда


Молете, работете и трпете за Црквата – со тие зборови Светиот Отец денеска во преполната сала Павле VI. И се обрати на поклонениците на денешната заедничка аудиенција. Не се обидувам да сватам за да поверувам, туку верувам за да сватам, овие зборови на свети Анселмо се корисни денеска повеќе од било кога – истакна Папата во денешната катехеза посветена на големиот средновековен мислител, чијашто 900. годишнина од смртта се обележува оваа година. Роден е во Аости, бенедиктински монах, приор и опат во Ле Бецу во Франција, потоа и надбискуп во Кантербури во Англија, свети Анселмо бил храбар бранител на црквената слобода и независноста на духовната власт од мислењата на политичките власти; приморен на бегство и повторно се вратил на бискупскиот стол кога во 1106. година Хенрик Први се откажал од инвеститурата, земањето на данок и одземањето на црквените богатства. Соутемелител на сколастичката теологија, во христијанската традиција нарекуван „величевствен црковен научител“, Анселмо бил свесен дека на земјава е бесконечен патот на барањето на Бога. Тој јасно зборува дека теологот не може да смета само на својата интелигенција, туку мора истовремено да пази на длабокото искуство на верата – истакна Папата.

Свети Анселмо учи дека теолошкото делување се развива во три стадиуми: Верата, бесплатниот Божји дар којшто треба да се прифати; искуството, кое се состои во утеловувањето на Словото Божје во сопственото секојдневно живеење; потоа и востинската спознаја, којашто нокогаш не е плод на празно размислување туку на контемплативна интуиција. Љубовта кон вистината и Анселмовата трајна потрага на Бога нека биде за секој христијанин поттик за секогаш да тежнее – посака Светиот Отец – за се поголемо единство со Христос, Патот, Вистината и Животот. Освен тоа, нестрашливото тежнеење кое го каректиризираше неговото пастурално делување, и кое му донесе толку многу недоразбирања, горчина дури и прогонство, нека биде охрабрување за пастирите, посветените личности и за сите верници да ја сакаат Христовата Црква, да молат, работат и страдаат за неа, да не ја остават никогаш или да ја издадат – истакна Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.