2009-09-21 12:18:39

Папата го најави одржувањето на Бискупски синод за Блискиот исток


Од 10. до 24. октомври 2010. ќе се одржи посебен Бискупски синод за Блискиот исток – рече Светиот Отец на средбата во Кастел Гандолфо со источните католички патријарси и археепископите. Синодот ќе биде братска средба, а темата е „Католичката црква на Блискиот исток – заедништво и сведочење. Мнозина од оние коишто поверуваа беа едно тело и една душа“ – истакна Папата пред присутните на аудиенцијата. Од вашите говори сигурно ќе излезат на видело проблематиките коишто ве мачат, а коишто проблематики ќе можат да најдат достојни усмерувања во меродавните средишта. Екуменскиот простор често е поврзан со меѓуверскиот – потврди Папата истакнувајќи дека на целата Црква и е потребно искуството на соживот во тие два оквира, екоменскиот и меѓуверскиот, а во нивните Цркви тоа е созреано уште од првите векови на христијанството. Папата потсети дека патријарсите во повеќе наврати го поттикнуваа „честиот допир со Римскиот бискуп“, а појасни и дека ја чувствува како главна обврска промовирањето на сонодалноста којашто е – додаде Папата – многу драга во источната еклезиологија, а со задоволство ја има поздравено Вториот Ватикански Собор. Со декретот за Источните Цркви, Соборот им искажал признание, коешто Иван Павле II. Го потврдил во апостолското писмо „Светлото на Истокот“ на коешто јас во целост се надоврзувам и споделувам – истакна Светиот Отец.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.