2009-09-17 14:52:17

Заедничка аудиенција во среда


За секој верник најбитно е да расте во љубовта и во познавањето на Исуса Христа – истакна Светиот Отец на денешната заедничка аудиенција во салата Павле VI, говорејќи за ликот на светиот Симон Новиот Теолог. Папата говореше за духовното искуство на источниот монах којшто живеел во деветиот и десетиот век, а којшто во неговата потрага по Бога секогаш го водела љубовта према ближниот. Вистинското познавање на Бога не произлегува од книгите, туку од духовното искуство – поучувал Симон Новиот Теолог, за којшто денеска зборуваше Папата, истакнувајќи „ја важноста на обраќањето на срцето по силата на верата и љубовта“. Тоа обраќање произлегува од длабоко каење и искрената болка поради сопствените гревови за да се дојде до соединување со Христос, изворот на радоста и мирот. Иако нас повеќе не загрижува нашиот физички, човечки и интелектуален раст, сепак, важно е и да не се заборави и внатрешниот раст, којшто се состои во познавањето на Бога и во заедништвото со Него, за да ја почувствуваме неговата помош во секој момент и во секоја околност – потврди Светиот Отец.


Говорејќи како свети Симон нас не учи дека во нас расте Божјата љубов ако сме, по молитвата и слушањето на Божјето слово соединети со Бога, Папата истакна дека само Божјата љубов им го отвара на другите нашето срце, бидејќи само по неа стануваме чувствителни за потребите на другите, другитер ги сметаме за свои браќа, а не повикува на омразата да одговориме со љубов, а на навредата со опростување. Тоа во својот живот го применувал свети Симон. Бил жртва на недоразбирање а морал и да бега од Цариград. И покрај тоа, во себе чувствувал силна љубов кон своите непријатели. Како да се протолкува тоа? – запраша Светиот Отец. Очигледно е дека таа љубов не можело да произлегува од него, туку морала да потекнува од некој друг извор. Симон сватил дека произлегувала од Христа, присутен во него, тогаш се му станало јасно: имал јасен доказ дека неговата љубов извира од Христовата присутност во него – истакна Бенедикт XVI.

Говорејќи за неговото мистично единство со Бога, Папата потсети како тој под влијанието на внатрешното просветлување ја барал личноста којашто ќе го насочи и ќе му помогне во напредувањето на патот кон соединувањето со Бога. Духовен водач пронашол во Симон Побожниот, едноставен цариградски монах. Тоа е уште еден знак за актуелноста на неговата духовност. За сите вреди – свештеници, посветени личности и лаици, посебно за младите – да се обраќаат кај добар духовен водач за совети, способен да го прати секого кон длабокото познавање на самиот себе, и да го водат кон интимно соединување со Господа, за животот да се обликува се повеќе према евангелието – истакна Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.