2009-09-14 16:14:19

Бенедикт ХVІ за време на Ангеловиот Поздрав: Верата во Бога не е доволна за спасението: неопходен е уште и праведен живот и „чиста и благородна љубов“ кон ближниот


Верата во Бога не е доволна за спасението: неопходен е уште и праведен живот и „чиста и благородна љубов“ кон ближниот. Тоа го кажа Папата пред краткото слово пред Ангеловиот Поздрав, кое го изрече од терасата на својата резиденција во Кастел Гандолфо. Во присуство на повеќе од четири илијади верници и поклоненици, Папата потенцира, дека Господ не дошол да не учи филозофија, туку да ни го покаже патот кон вистинскиот живот.


Коментирајќи го литургијското читање за 24 – та недела во годината, во коешто Исус за прв пат откриено зборува за своите идни страдања и смртта, Папата посочува, дека Божјето слово ги пренесува двете фондаментални прашања за верата: „Кој е за тебе Исус од Назарет?“ и „Ја поткрепуваш ли верата со дела?“.

„Исус не дошол за да не учи филозофија, туку за да ни го покаже патот кој води кон животот. Тој пат е љубовта, којашто е израз на вистинската вера. Ако некој го сака ближниот со чисто и благородно срце, значи дека навистина го познава Бога. Но ако некој вели, дека верува, но не го сака братот свој, не е вистински верник. Бог не живее во него“. 

Папата ги цитираше и зборовите на Апостолот Јаков од второто литургијско читање за денот за кој јасно вели: „Ако верата нема дека, сама по себе е мртва“ (Јак 2,17). Во таа смисла Светиот Отец го цитираше и Свети Јован Златоуст, чиј спомен Црквата го празнува денеска:

„Ако некој има вистинска вера во Отецот, Синот и Светиот Дух, но нема праведен живот, неговата вера нема да му послужи за спасението. Кога читаш во Евангелието: „Вечниот живот е тоа да те познаваат Тебе, Единствениот и Вистинскиот Бог, и пратениот од тебе Исус Христос“ (Јв 17,3), не мислете дека тоа е доволно: неопходни се чист живот и дела“. 

Папата потсети, дека на 14 септември Црквата го празнува Крстовден и литургијскиот празник на Божјата Мајка:

„Дева Марија, поверувала во Словото Господово, не ја изгуби својата вера во Бога, гледајќи го својот Син отфрлен, понижен и распнат на крстот. Остана до Исуса во страдањата и се молеше до крајот. За да ја види сјајната зора на Неговото Воскресение. Треба да се научиме од Неа да ја сведочиме нашата вера со смирено служење, спремни лично да ја платиме нашата верност кон Евангелието на љубовта и вистината, со убедувањето, дека тоа коешто го правиме нема да биде напразно“.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.