2009-09-10 15:30:19

На заедничката аудиенција Папата зборуваше за свети Пиер Дамиани, монах и префинет теолог од првиот милениум на Црквата


Луѓето најмногу треба да ја сакаат внатрешната тишина и да се противат на светските поматувања, бидејќи Божјиот глас зборува и во тишината – поучувал свети Пиер Дамиани, монах и префинет теолог, од првиот милениум на Црквата, за којшто Папата зборуваше на денешната заедничка аудиенција. На крајот од аудиенцијата Папата ги поздрави поклонениците од Чешка, којашто на крајот од месецот ќе ја посети, и притоа, повика на солидарност кон работните инвалиди.

Светецот се нарекувал „последниот слуга на монасите“, а Папата го нарече „раскошен, богат и сложен“ лик на средновековната Црква, надарен со теолошка умност и несекојдневна книжевна способност, коишто за неговите современици, но и за денешните христијани, испишале незаборавни страници за Божјата убавина, Христовата љубов на крстот, за вредноста на душевната тишина. На сето тоа посредник бил Пиер Дамиани, а Папата, говорејќи за неговиот живот и духовното наследство, ги истакна некои од каректеристиките на човекот кој бил занесен со контемплацијата на апсолутниот Бог. Пустинскиот живот бил за него врв на христијанскиот живот, на крајот од животот, бидејќи бил монах, ослободен од врската со светот и сопственото „јас“, по залагањето на Светиот Дух, а неговата душа радосна се соединува со небесниот вереник. Тоа е и за нас денес важно, иако не сме монаси: да се знае во себе да се оствари тишина да го слушаме Божјиот глас, да ја бараме говорницата кадешто Бог говори со нас: во молитвата и размислувањето врз Божјето слово претставува патот на животот – потврди Светиот Отец.

Проучувањето на Светото писмо кај Пиер Дамиани поттикнува богата збирка на молитви за Христовиот крст, таинство – како што кажа Папата – кое најмногу ќе го занесува, како и размислувањето за аскетскиот живот, коешто понатаму се одразил и на неговиот вистински живот. Од неговото перо е произлезено и Правилото кое ги обликува неговите браќа, а низ вековите стига и до нас. Интимното единство со Христа ги обврзува не само монасите туку и сите христијани. Овде наоѓаме силно предупредување и за нас за да не се препуштиме на работите, проблемите и секојдневните грижи, заборавајќи дека во центарот на нашиот живот мора да биде Исус – предупреди Светиот Отец.

Монахот кој бегал од светот во еден момент бил приморан да се врати на првата црта. Да го напушти манастирот на што бил приморан поради оптужбите за корупција на бискупот и опатот коишто со сопствените поданици се однесувале како господари, а не како пастири на душите. Ставањето во првите редови на тогашната Црква не ја намалува силината на веќе остарениот последен слуга на монасите... – заклучи Светиот Отец.


 







All the contents on this site are copyrighted ©.