2009-09-07 13:59:19

Порака на Папата за Светскиот мисијски ден


„Народите ќе одат во твоето светло“ е насловот на пораката на Папата за светскиот мисијски ден којшто во Црквата се одбележува на 18. октомври. Повикот кон сите народи за спасение кое Бог го направи по своето утеловување на Синот е важно послание на Црквата. Светиот Отец во пораката тврди дека е во прашање вечното спасение на личностите, цел и крај на човечката историја и вселена. Сите мораме – предупредува Светиот Отец – да ја чувствуваме желбата и волјата со Христовото светло, кое сјае на лицето на Црквата, да ги просветлиме луѓето. Баш со таа цел христијаните распространети по целиот свет делуваат, се напрегаат, се наоѓаат под теретот на страдањата и ги даруваат сопствените животи. Црквата не делува за да ја прошири сопствената власт или за да го зацврсти сопственото општество, туку за да и го донесе на сите Христа, спасението на светот. Тоа послание му е се попотребно на човештвото кое ги познава зачудувачките постигнувања, но изгледа како да ја има изгубено смислата за последните работи и за самото свое постоење – стои во пораката.

Наспрема судирите, сиромаштијата и страдањата во светот посланието е значи, Црквата си надежта да ги зарази народите. Ова служба не е по мерило на материјалните нити пак на духовните потреби коишто се исцрпуваат во оквирот на временското постоење, туку по мерило на вечното спасение коешто се случува во Божјето царство. Иако тоа царство во својата целина е есхатлошко и не е од овој свет, сепак, тоа е во овој свет и неговата историја е сила на правдата, мирот, правото на слободата и почитувањето на достоинството на секоја личност. Црквата сака да го преобрази светот со навестувањето на евангелието на љубовта, којашто секогаш повторно го осветлува мрачниот свет и не ојачува нас за да живееме и делуваме. Папата во пораката потсетува на мисионерите и мисионерките коишто поради сведоштвото и ширењето на Божјето царство ги поднесуваат прогонувањата, општествените дескриминации, од затвори до тортури, а неретко и со смрт. Не се малку – истакнува Папата – тие коишто поради неговото Име сега се осудени на смрт и кои ја следат истата судбина на својот Учител: Ако ме прогонуваа мене и вас ќе ве прогонуваат. Тоа е поради тоа што Црквата не се потпира на човечката логика ниту на силата, туку го следи патот на крстот – истакна Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.