2009-09-01 14:13:14

Состојбата на христијанската заедница во Ирак


На средбата во Романија на 28 август за состојбата на христијаните во Ирак говореше Стефан де Мистура, бивш амбасадор во Обединетите нации за Ирак. Христијаните се многу важен дел од населението во Ирак – кажа де Мистура. Лоша е веста дека многумина претрпеа а и понатаму трпат и се плашат. Добра вест е тоа дека тие сакаат да останат тука и тоа дека владата на претседателот на Владата Маликиј, заедно со сите муслимански заедници: Курдите, сунитите и шеитите, ја признаваат важноста на христијанската заедница. Христијанската заедница е напаѓана од терористичката организација ал Каида, која сака, напаѓајќи ги националните групи, да испровоцира нестабилност на државата. Христијаните ги бранат правата на сите националности и тоа е потфат за пофалба – истакна де Мистура.

На прашањето како ирачките христијани помогнаа на другите помали етнички заедници, де Мистура истакна дека за време на покраинските избори во Ирак минатата година најважно било да се види дали помалите заедници можат да имат одреден број на застапници, и притоа дојде до големо противење од страна на екстремистите, и покрај тоа успеавме да работе со парламентот, заблагодарувајќи им се лично на христијаните, за одбраната на правата на сите помали заедници. Се случи и тоа да и жените коишто имаа проблеми со признавањето во Ирак добијаа 25% од гласовите. Тоа е многу повеќе од многу земји коишто ги признаваме. Бранењето на правото на слобода, на демократија, на учество на сите помали заедници е најдобриот начин на бранење на христијанските вредности – истакна де Мистира.

 







All the contents on this site are copyrighted ©.