2009-08-21 13:56:51

Папата го номинираше монс. Ренцо Фратини за апостолски нунциј во Шпанија



Папата Бенедикт 16-ти го номинираше монс. Ренцо Фратини за апостолски нунциј во Шпанија и во кралството Андора. Монс. Фратини, досегашен нунциј во Нигерија, ќе ја превземе и должноста Постојан набљудувач на Света Столица во Светската Турситичка Организација во Мадрид. Роден е 1944 во Урбисалја, провинција на Марчерата, а во 1969 е ракоположен за свештеник, за владика во 1993. Во неговата дипломатска кариера функцијата на апостолски нунциј ја вршел во Нигерија, Источен Тимор и во Пакистан.







All the contents on this site are copyrighted ©.