2009-08-18 14:21:16

Папата на големиот празник Успение на Пресв. Богородица: Марија, нашата ѕвезда во темнините на историјата, не‘ повикува да брзаме само за Бога.
 


Човечкиот живот на земјата е како пловење во многу немирно море; Марија е ѕвездата, која не води кон Исус, сонцето кое изгреа над темнините на историјата“: е она што го рече Папа утрово за време на литургијата предводена од него во парохијата Св. Тома од Виланова во Кастел Гандолфо, на празникот на Успението на Блажена Дева Марија. Празник – нагласи – кој не‘ потсетува дека „нашата тактковина е во небото“ , целта на нашето патешествие. Бенедикт 16-ти, значи повика да ја одгледуваме „светата мариина трпеливост“, во сознание дека Бог е вистинскиот приоритет на нашиот живот. Потоа на Ангеловиот Поздрав потсети дза љубовта на светците, посебо на Св. Јован Вианеј, кон Мајката Божја. Од Серџо Чентофанти:
Папата се осврнува на марииниот живот почнувајќи од нејзиното Безгрешно зачнување:

„Во Божјиот план на стварањето, човекот би требало да ја има убавината чистоќата на Безгрешната. Таа слика, оштетена, но не и уништена начисто, преку Отелотворението на Синот Божји, најавено и остварено преку Марија, беше остварено и реставрирано во слободното прифаќање од страна на човекот во верата“. 

Коментирајќи го Евангелието на „Мањификат“ потсеќа како Марија, веднаш по ангеловиот поздрав, брзаше да ја посети Елизабета. „За Марија- објасни папата – да го следиш сопствениот повик, под водство на Светиот Дух, кој го оствари во неа отелотворениоет на Словото, значи да се помине еден нов пат и веднаш да се тргне на нов пат надвор од својата куќа, препуштајќи му се на Бога, за единствено тој да не‘ води на патот.“:

„Св. Амброзиј, коментирајќи го марииното брзање, потврдува:„благодетта на Светиот Дух не значи бавност„. (Експос. Еванг. Сек. Лукам, 2, 19: ПЛ. 15, 1560). Животот на Богородица е предводен од Друг – „еве ја слугинката Божја: нека ми биде по твоите зборови“(Лк 1, 38) – скроен од Светиот Дух, означен со средби и евенти, како оној со Елизабета, но пред се од посебната поврзаност со својот син Исус. Се работи за патешествие во кое Марија, чувајќи и размислуваќи во срцето на своето постоење, се навестува во нив на се по таинствен начин делото на Бог Отец, за спасение на светот“. 

Успението – подвлече Светиот Отец – не потсети дека животот на Марија, како и оној на секој христијанин, е следење на Христа, кој поминува по задолжителниот пат на Крстот, има јасна цел, веќе означена иднина, конечната победа над смртта и над гревот и целоснато заедништво со Бога„

„Марија го живее своето возвишување кон Бога во духот на Мањификат, оддавајќи му се на Божјиот план и неговата љубов, дури ги во моменти на темнина и на патењето, хранејќи го во своето срце целосното предавање во рацете на Бога, на тој начин да биде пример за верата на Црквата (спр. Лумен Гентиум. 64-65). Целиот живот е вознесување, како и медитација, послушност, надеж и вера дури и во моменти на темнина: и целиот живот е „свето брзање“. Кој знае дека Бог е секогаш приоритет и затоа треба да го биде мотив за тоа итење во нашето постоење“. 







All the contents on this site are copyrighted ©.