2009-08-18 14:26:58

Папата ги номинираше монс. Паролин, нунициј во Венецуела, и монс. Балестреро, под-секретар на Секторот за Меѓудржавни односи


Папата го ноиминираше за апостолски нунциј во Венецуела монс. Паролин, досега под-секретар на Секторот за Меѓудржавни односи, унапредувајќи го во исто време за архиепископ во Акуапенденте. На неговата досегашна функција ќе стапи монс. Етторе Балестреро, досега советник за нунцијатот во истиот сектор.


Монс. Паролин е роден во Скиавион, провинција на Виченца, пред 54 години. За свештеник е ракоположен во 1980, доктори по Канонско право. Како функционер во дипломатските служби при Светата Столица е од 1986, дејстуваше уште како Папски претставник во Нигерија и Мексико. Од 2002 беше под-секретар во Секторот за односи со државите. Зборува течно француски, англиски и шпански.


Монс. Балестреро е роден пред 42 години во Џенова. Откатко дипломирал на Правен факултет, влезе за римската диоцеза во колегијот Капраника,и во 1993 беше ракоположен за свештеник. Магистер и доктор по Канонско Право. Откако помина неколку години како парох во Торино, при парохијата на Пресвета Марија Мајка на Црквата, беше студент во Папската црковна Академија. Во дипломатските служби е од 1996, и како нунциј ја вршеше должноста во Монголија и во Кореа (1996-1998) и во Бенелукс (1998-2001). Во истиот сектор е од 2001 година. Освен италијанскиот зборува англиски, шпански, германски и холандслки.


Исто така денес, Папата го номинираше новиот владика во Уганда (Котидо), отец Џузепе Филипи.







All the contents on this site are copyrighted ©.