2009-08-08 11:31:39

Кардиналот Комастри ја предводеше Св. Литургија за 31-та годишница од смртта на папата Павле 6-ти 


Кардиналот Анџело Комастри, генерален викариј на Папата за Ватиканската Држава, ја предводеше Св. Литургија во Базиликата Св Петар по повод 31 годишнина од смртта на Павле 6. Во Папата Монтини – рече кардиналот- беше секогаш присутна „желбата да биде мал за да дојде до израз големината Христова“. Од Амедео Ломонако:


Портретот на Паоло 6-ти претставен од кардиналот Комастри е своевиден мозаик со повеќе мотиви: првиот е оној на Папата Монтини „сам во капелата, клекнат, со изгаснати светла“. Другиот момент е опишан во зборовите на самиот Папа Монтини кој инаугурирајќи го Екуменскиот Ватикански Собор, се споредува со Онориј Трети, претставен во абсидата во Св. Павле надвор од Зидините“ со малецки пропорции и со скоро анихилирано тело кој ги бакнува нозете на Христос Панкратор. Павле 6-ти - прецизираше кардиналот- беше секогаш поттикнуван од една желба:

"Желбата да биде мал за да дојде до израз големината Христова; желбата да исчезне за да Му даде повеќе простор во светот“.


Во Папата Монтини чукаше мисионерско срце: „можеби истиот избор на името Павле беше роден благодерјќи на неговата желба да се истроши како големиот Апостол на народите“. Задржувајќи се на апостолското патување во Филипините во 1970 год., кардиналот се осврна на значајните зборови кои во таа прилика ги изговори Павле 6-ти:

 „Јас Павле, петров наследник немаше да дојдам никогаш од Рим дури до оваа Земја крајно далеку, ако небев најцврсто убеден во две работи: првата е Исус Христос, а втората е вашето спасение“.


Мисонерската страст – додаде прото иерејот на базиликата Св. Петар – го следи низ целиот живот. Кога на пр. Во 1954 беше номиниран Архиепископ во Милан, веднаш ја перцепира потребата на модерниот човек кој станува се повеќе нехристијанин, и ја искажува својата длаобока загриженост.


Павле 6-ти секогаш ја потврдуваше потребата од евангелизирачката мисија на Црквата: во 1975 три години пред неговата смрт, и предаде една длабоко и храбро размислување во врска со мисијата:


“Без двосмисленост, тврди: евангелизирањето е вистинскиот позив на Црквата, нејзиниот најдлабок идентитет. Постои за да евангелизира“. 

Ова се доста силни зборови, заврши кардиналот Комастри, кои наложуваат едно размислување врз целота пасторална работа на Цркватам во полето на евангелизиацијата.








All the contents on this site are copyrighted ©.