2009-07-06 09:16:13

Новата енциклика на Папата „Каритас ин варитате„ на 7 јули во Салата на Ватиканскиот Печат, ќе ја презентираат кардиналите Мартино и Кордес


Новата и долго очекува енциклика на папата Бендикт 16-ти, Каритас ин веритате, ќе биде презентирана на 7 јули во 11.30 часот во салата на Ватиканскиот Печат. Предвидени се четири интервенции: од страна на кардиналот Ренато Рафаеле Мартино- претседател на Папскиот Совет за Правда и Мир; потоа кардиналот Паукл Јозеф Кордес, претседател на Папскиот Совет „Кор Унум“; монс., Џиампаоло Крепалди, секретар за Мир и Правда и проф. Стефано Замањи, доцент на политичка економија во Болоњнскиот Универзитет е советник на истоиот папски дикастериј. Текстот им е на располагање на новинарите преведен на шест јазици: италијански, шпански, германски, француски, англиски е португалски.


Пред два дена, на празникот на Св. Петар и Павле, за време на Ангелусот самиот папа Бенедикт ја најави престојната публикација на овој документ, „којшто – потврди Папата – има за цел да продлабочи некои аспекти на севкупниот развиток на нашате ера, во светло на милостта и на вистината“. „Го поверувам на вашата молитва придонесот на овој документ кој Црквата го нуди на човештвото во својот труд и напор за толерантен напредок, во целосен почит на човечкото достоинство, имајќи ги во предвид вистинските потреби на сите.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.