2009-05-26 12:15:16

Папата до претcедателите на Македонија и Бугарија: Европа да остане верна на своите христијански корени ако сака иднина на слободата, мирот и правдата за сите


Прославата во чест на светите Кирил и Методиј, според јулијанскиот календар, беше повод за посетата на Папата Бенедикт 16-ти од страна на двете делегации на Македонија и Бугарија, кои дојдоа да се поклонат и на гробот на св. Кирил, кој се наоѓа во римската базилика св. Климент. Двете делегации од страна на Папата беа примени одвоено на две различни ауденции.


Папата, примајќи ги двете делегации предводени од македонскиот претседател Ѓорге Иванов и бугарскиот претседател Георги Парванов, го потсети „евангелското и социјалното дело“ на двајцата ко-патрони на Европа, кои живееа во деветиот век и чие „духовно наследство остави белег во животот на словенските народи; нивниот пример – додаде Папата – го замени сведоштвото и вербата на многубројните христијани кои ја посветија низ вековите својата егзистенција за ширење на добрата вест за спасението, во исто време работејќи на изградба на една праведна и солидарна заедница“. Сепак Папата се надева дека стариот континент „ке остане верен на своите корени“. „Вредностите на солидарноста и правдата, на слободата и мирот, постојано потврдувани во денешнината – потврди Папата – сепак сеуште наоѓаат сила и гласини за вечното изучување на Христа, воведен во животот на своите ученици од сите времиња“. Христијаните кои денес треба да се спротистават на предизвикот е токму оној „да се зачува наследството на идеалите и вредностите“ кои светците како Кирил и Методиј ја пренесоа со зборови и дела. „Ова е најскапоцениот придонес – заврши Папата – кој христијаните можат да го понудат за изградба на една Европа од третиот милениум, кој се стреми за една иднина на напредокот, правдата и мирот за сите“.

 







All the contents on this site are copyrighted ©.