2009-05-15 16:32:49

Папата во Назарет со порака до христијаните: имајте храброст да му бидете верни на Христа и да останете во оваа земја


„Имајте храброст да му бидете верни на Христа и да останете овде во оваа земја, која Тој самиот ја посвети со неговата присутност! Како Марија, така и вие имате да одиграте важна улога во Божјиот план на сапасението, донесувајќи го Христа на светот, сведочејќи за Него и ширејќи ја неговата радосна вест за мир и единство“: тоа беше апелот од Папата Бенедикт XVI што го испрати за време на вечерната молитва која се оддржа во Базиликата Благовештение. „Во Израелската држава и на Палестинските територии – рече Папата – од целата пополација христијаните се малцинство. Можеби понекогаш се чини дека вашиот глас и воопшто не се слуша. Многу ваши пријатели – христијани емигрираа, со надеж да најдат поголема сигурност и подобри услови за живот. Вашата ситуација е иста како онаа на Пресвета Дева Марија, која во Назарет живееше неприметливо, задоволувајќи се со минималното за разлика од светските богатсва. Цитирајќи ги зборовите од нејзината голема химна „Магнификат„ Бог понизно погледна кон слугинката своја, гладниот го исполни со добрини. Да се ојачаме од Мариината химна.“ Папата зборуваше за големата мистерија на Отелотворувањето кое се случило токму на оваа место: „ предизвикот продолжува да ни ја отвара нашата интелигенција за неограничените можности од претворливата Божја сила, од својата љубов кон нас, од желба да биде заедно со нас“. Потоа рече: „ Размислувањето за оваа радосна мистерија ни дава надеж, сигурна надеж дека Бог ќе продолжи да ја води нашата историја, реализирајќи ја нашата цел и се онаа кое за човекот се чинаат невозможни. Тоа нас не предизвикува да се отвориме на делотворноста на Духот Створител кој не прави нови, не соединува со Него во едно и не исполнува со неговиот живот“.







All the contents on this site are copyrighted ©.