2009-05-15 16:28:57

Папата Бенедикт XVI во Израел: доаѓам да се молам за мир во Светата Земја и во целиот свет


Искрена молитва за мир во Светата Земја и во светот, пресудата од холокаустот е вистинска молба за изнаоѓање на вистинско решение за израелско-палестинскиот конфликт: беа зборовите на Бенедикт 16-ти за време на церемонијата за добродојде на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Папата беше примен од израелскиор претседател Симон Перес и премиерот Бенџамин Нетањаху.


“I come, to pray at the holy places to pray…”
„Доаѓам да се молам на светите места, за на посебен нашин да се помолам за мир – мир овде во Светата Земја и во целиот свет“.


Во својот прв говор во Израеил, Папата Бенедикт 16-ти сакаше да ја повтори целта на неговото поклонувачко патување и не‘ заборави да испрати искрен апел за преговарање за мирот помеѓу изралеците и палестинците:


“In union with people of good everywhere...”
Во заедништво со сите луѓе со добра волја, ги молам – рече Папата – сите оние кои имаат некоја одговорност, да се искористи секоја можност за изнаоѓање на вистинско решение на тие преголеми тешкотии, така што двата народи би можеле да живеат во мир во една држава која ќе биде нивна, гранично осигурана и меѓународно признаена.


Во овој момент во кој процесот за мир во регионов се разјадува помеѓу екстремизмите и побарувачките, Бенедикт 16-ти рече дека треба да се надева и да се моли се додека „не се створи амбиент на голема верба, која ќе овозможи да се извршат вистински прогреси се до мирот и стабилноста“. Папата обрќајќи му на претседателот Перес не заборави да изјави дека на оваа посета ќе искаже чест на 6 милиони Евреи, жртви од холокаустот, и ќе се моли „со цел човештвото да не види повеќе такви криминали“. Го осуди антисемитизмот кој треба да се надвладее било каде и да постои, реализирајќи ја почитта кон припадниците од секој народ, раса, јазик и нација во целиот свет. Осврнувајќи се на гртадот Ерусалим, Папата изрази надеж дека во оваа Света Земја „сите поклоници на светите места од трите големи монотеистички религии, ќе имаат можност слободно и без ограничувања да ги искажуваат своите религиозни церимонии“. Израелските власти често ограничуваа поради безбедност и сигурност.


На крај се потсети и на малата локална Црква која е малциснтво и која е повикана од Оној кој проповедаше простување и помирување , за бранење на светоста на животот и о кој даде „посебен придонес да би завршеле непријателствата кој од многу години ја освоија оваа земја“:


"I pray that your continuing presence in Israel...”
„Се молам вашата константна присутност во Израел и во Палестинските Територии – заврши Папата- да донесе многу плодови во реализирањето на мирот и взаемното почитување помеѓу сите народи кои живеат на Библиската земја“.


Папата во Израел беше примен не само од претседателот Перес и лидерот Нетањаху, туку и од сите државни функционери од Севатат Земја. Претседателот Перес во својот говор зборуваше за „важната мисија за мир“ од страна на Папата, го охрабри христијанско-еврејскиот дијалог, го потврди соживотот на различни народи во Израел кои се молаат на истиот Бог и изјави дека после мирот склучен со Египет и Јордан, Израел е подготвен да склучи мир и со палестинците.







All the contents on this site are copyrighted ©.