2009-05-09 12:34:12

На генералната Ауденција порака од Бенедикт 16-ти до јорданците, израелците и палестинците: нестрплив сум да дојдам помеѓу вас, се молам за мир во Светата Земја


Нестрплив сум да сум помеѓу вас, каде што нашата молитва и нашето залагање би можеле да донесат мир во Светата Земја. Тоа се зборовите упатени до јорданците, израелците и палестинците со кои Папата Бенедикт 16-ти на 6 мај утрината ја затвори генералната аудиенција на плоштадот свети Петар, двa дена пред почетокот на неговото апостолско патување на местата од христијанската вера. Пред тоа, Папата обратувајќи се пред 30 илјади луѓе присутни на ауденцијата, им зборуваше за големиот теолог кој живееше во осмиот век од нашата ера, Јован Дамаски, кој што е заслужен за некои од основните страници околу култот за светите слики.


„Помеѓу вас ќе дојдам како поклоненик на мирот“. Веќе неколку дена се слуша истата фраза од усните на Бенедикт 16-ти, за време на сите состаноци каде то ги сподели своите чувства подготвувајќи се за посетата на Светата Земја. Генералната аудиенција не направи исклучок. „Би сакал да ја искористам можноста – рече во својата заврчна порака – преку радиото и директниот пренос на телевизијата да ги поздравам сите народи од овие земји“:
  
“I am eagerly looking forward to being with you…"
"Нестрпливо чекам да сум помеѓу вас и заедно со вас да ги поделам вашите стремежи и надежи, но исто така и вашата болка и вашите секојдневни борби. Помеѓу вас ќе дојдам како поклоненик на мирот. Мојата прва намера е да ги посетам посветените места од Исусовиот живот и да се помолам за дар за мирот и за единство на вашите фамилии и за сите оние за кои Светата Земја и Блискиот Исток претставуваат нивни дом“.

Папата исто така ги нагласи „џиновските чекори“ направени „во дијалогот и во култирната размена“ со евреите и муслиманите, со кои Бенедикт 16-ти ќе се сретне за време на на неговото апостолско патување жто претстои. Сепак, пораката ја заврши со честитката, посебно упатена до христијаните од овој регион:

“Ask you to join me in praying that the visit…"
"Барам од вас да ми се придружите во молитвата за да оваа посета би придонела многу плодови околу духовниот и цивилниот живот на сите оние кои живеат во Светата Земја. Да можеме сите да го славиме бога за неговата добрина. Да можеме сите да бидеме луѓе на надежта. Да можеме сите да бидеме решителни во нашите копнежи и во нашите настојувања за мир“.


Токму од Блискиот Исток, поточно од Дамаск, исто така доаѓа фигура (личноста) на еден монах и теолог од првите векови на Црквата кој Бенедикт 16-ти во оваа прилика го претстави: св. Јован Дамаски. Тој како и многу други негови современици го посветија својот живот влегувајќи во манастир. Како и многу други членови од хиерархијата – период од половината на осмиот век после Христа-, и тој се бори против забраната за искажување на култот на светите слики:


„Јован Дамаски беше првиот кој разликуваше помеѓу обожавање и длабокопочитување, како во јавниот култ така и во приватниот култ на христијаните: првиот израз, целокупно духовен, може да се однесува само на Бога, додека вториот се зема во предвид една слика за да му се искаже почит на оној кој што е претставен во истата слика“.


Во неговите проповеди посветени на оваа прашање, Јован Дамаски употребува аргументи богати со многу шармантни имагинации“. „Не го почитувам предметот – помеѓу другото потврдува теологот – туку создателот на истиот предмет“:


„Нели е предмет можеби дрвото од крстот три пати блажено?... Не се предмети (материја) мастилото и светата книга од Евангелијата? Спасоносниот олтар кој ни го доделува лебот на животот нели е материја? И, пред се не се материја телото и крвта од нашиот Спасител? Или треба да го загушиш светит нарав на сето ова, или треба да им дозволиш на Црковната традиција длабокопочитувањето на Божјите слики и на пријателите Божји“.


Во суштина поврзано со овие идеи – продолжи Папата – Јован Дамаски „го изложува исто така длабокопочитувањето и на светците, врз основа на увереноста дека светите христијани, партеципирани од Христовото воскресение, не може да се едноставно да се сметаат за ‘мртви‘“. Од останатото за Папата истата мистерија на Отелотворувањето е најголем пример за материјата која станува „дом Божји“. Концепт со кој што Папата се инспирира од зборовите на Јован Дамаски:


„И така Синот Божји, прибидејќи во формата Божја, ги наведна небесите и слезе... до своите слуги... извршувајќи го најновото нешто, единственото нешто навистина ново под сонцето, преку кој се објави безконечната сила Божја“.


Поздравот за добродојде Бенедикт 16-ти до многубројните групи под пролетното сонце на плоштадот свети Петар го рече на 8 јазици. Посебно, Папата ги поздрави многубројните чесни сестри од повеќе Когрегации, меѓу кои оние кои присуствуваат на средбата во Рим промовиран од УСМИ. Честитка испрати и до тие кои ги следеа херојските примери на христијанскиот живот на верните Христови ученици – помеѓу кои се о. Њоки и Терезио Оливели. Ги поздрави и католичките лекари, со што ги повтори принципите од вероисповедта на христијанските погледи кои „се препуштаат во служба на човечкиот род од неговото зачнување се до неговиот природен крај“:


„Секогаш да биде искажано сведоштвото на човечката и христијанската солидарност. Затоа продолжете со великодушноста во вашата скапоцена служба за животот, основна вредност во која се озрачуваат мудроста и љубовта Божја. Вашата работа секој ден да биде збогатена со длабокиот дух на верата и оживеана од вербата и доследноста со принципите кои требаат да ја мотивираат активноста на секој лекар“.  







All the contents on this site are copyrighted ©.