2009-05-07 13:06:30

Папата до Академијата за Социјални Науки: Право на живот и религиозна слобода во центарот на човековите права. Гладот во светот – срамотна трагедија


Црквата ги промовира човековите права почнувајќи од правото на живот и правото на слобода на совеста и верата: тоа го рече Папата на 4. овој месец примајќи ги во Ватикан присутните од Папската Академија за Социјални Науки кои ја обработуваа темата „Католичката Соицјална Наука и човековите права“. Бенедикт 16-ти повторно ја обвини „срамотната трагедија“ за гладот во светот, нагласувајќи го фактот дека „централното прашање“ за достоинството на една личност и за човековите права би било место за средба помеѓу Црковната доктрина и социјалното друштво.


Папата се осврнува на „златно правило“ за да не упати во областа на човековите права. Тоа правило се наоѓа во Евангелието: „Она што сакате другите да ви го праваат, правете го и вие на другите“. Човековите права се за сите а не само за некои затоа што „инерентна е на човечката природа, која што е создадена на Божјата слика и прилика“.


Во текот на историјата – продолжи папата – човештвото „стануваше се по свесно околу човековите права и нивната универзалност“. Така модерната епоха, ослонувајќи се на христијанската порака околу љубовта помеѓу Бога и секој човек, го разви основното правило за универзалното право на слобода. Во исто време, секогаш треба да се потсеќаме – потврди папата – дека „е потребно таа слобода да биде ослободена. Христос е оној кој ја ослободува“ (Veritatis Splendor, 86).


Минатиот век „после големите страданија причинети од двете светски војни и неописивите криминали сторени дела на тоталитарните идеологии, меѓународната заедница придоби нов систем на меѓународно право базиран врз човековите права“, постапувајќи во согласност со пораката од Бенедикт 15-ти кој ги опповика борците од првата светска војна „материјалнита сила на оружјето да ја претворат во морална сила на правото“ (Забелешка за старешините на воинствените народи на први август 1917). „Човековите права станаа повик на еден заеднички универзален ‘етос‘ за поголемиот дел од човечкиот род


“The Second Vatican Council, in the Declaration Dignitatis Humanae…”
Вториот Ватикански Собор, во Декларацијата Dignitas Humanаe, - додаде Папата – така како моите претходници Павле 6-ти и Јован Павле 2-ри, силно потврдија дека правото на живот и правото на слобода на совеста и на верата се во центарот на сите права“. Бенедикт 16-ти повторува дека „овие човекови права не се вистина на верата во вистинска смисла“ иако се присутни во Христовата порака, кој ги открива на самиот човек“ (Gaudium et spes, 22). „Тие добиваат поголема потврда за верата“ но во суштина можаат да бидат сфатени од човечкиот разум и од сите луѓе со добра волја независно од нивното верување. Всушност во сите луѓе присутен е еден „логос“ кој им дозволува да го разликуваат, не само вистинитото  од невистинитото, туку и доброто од злото, правдата и неправдата. Оваа способност за разликување – рече Папата – секој човек го прави способен да го прифати „природниот закон“, која што е само една партеципација на вечниот закон“. Природниот закон – објасни – е универзален водич препознаен од сите, врз основа на која сите луѓе взаемно можаат да се прифатат и да се сакаат. Правата на човекот, сепак се вкоренети во Бога, кој го создаде секој човек, со интелигенција и слобода. Ако оваа цврста морална и политичка основа се игнорира – потврди Папата – човековите права стануваат кршливи, доколку се лишаат од нивниот стабилен темел“.

“Human reason must undergo constant purification by faith…”
Меѓутоа – додаде – „човечкиот разум треба да биде подложено на постојаното прочистување од страна на верата“ затоа што секогаш постои опасност од „сигурна морална заслепеност, која произлегува од нередот на страстите и на гревот“. Од друга страна, бидејќи човековите права секогаш треба да се прават сопствени од страна на некоја генерација или личност, и затоа што човечката слобода секогаш е кршлива“, човекот „има потреба од надеж и безусловна љубов која може да биде најдена само во Бога“ и која на другите им носи правдина и Божја благородност. Во таа преспектива Папата се повикува на тешкотиите на социјалните проблеми причинети од глобализацијата и сегашната економска криза: помеѓу овие „очевидниот контраст меѓу еднаквоста на доделување на правата и нееднаквоста на пристап до сретствата за доделување на тие права“.


“It is a shameful tragedy that one-fifth of humanity still goes hungry…”
„За христијаните кои постојано од Бога бараат ‘дај ни го лебот наш насушен‘ – потврди папата – е една срамотна трагедија бидејќи една петина од човештвото сеуште трпи глад. Да се гарантира пропорционално снабдување на храната, како и заштита на резервите за живот меѓу кои се водата и енергијата, бара од сите меѓународни лидери сериозно „располагање“, почитувајќи го природниот закон за промовирање на солидарноста и подршката на регионите и послабите луѓе од планетата, како поефикасна стратегија за остранување (бришење) на социјалните нееднаквости помеѓу државите и заедницата и за зголемување на глобалната сигурност“. Со други зборови – да се заштитат „човековите права кои се основани врз божјиот Закон“.







All the contents on this site are copyrighted ©.