2009-04-09 11:40:16

На заедничка аудиенција Папата говореше за Велигденското тродневие


Папата Бенедикт XVI на заедничката аудиенција говореше за Велигденското тродневие и нагласи дека тоа е стожер на целата литургијска година. Драги браќа и сестри, Големата седмица, која е за нас христијаните најважна седмица во годината ни дава шанса да влеземе во главните настани на откупувањето, да го проживееме повторно тајнството на воскресението, таа голема тајна на верата. Започнувајќи од утре, со литургијата на Господовата вечера, свечените литургијски обреди ќе ни помогнат подлабоко да размислуваме врз маката, смртта и воскресението Господово во деновите на Светото велигденско тродневие, темелот на целата лирургијска година. Нека божјата милост ни ги отвори срцата кон разбирањето на непроценлиовиот дар којшто претставува спасение донесено со Христовата жртва. Тој непроценлив дар на прекрасен начин е опишан во славната химна содржана во Посланието до Филипјаните (2,6-11), коешто во постот многупати го имавме за размислување. Апостолот, во основни црти но многу умешно, ја опишува тајната на Исусовото понижување во неговата мака и смрт, по што следува неговото воздигнување во славата“ заклучува свети Павле – истакна Светиот Отец.


Koлку е чудесна, и во исто време изненадувачка, оваа тајна! Исус, иако Бог, не сакаше божјите прерогативи да ги задржи исклучиво за себе, не го сакаше своето божевство, својата божанска слава и моќ да ги користи како средства за триумф и како знак на одделеност од нас. Напротив, „се осиромаши самиот себе“ земајќи ја врз себе бедната човечка состојба – Павле, во врска со тоа, го корости содржајниот грчки израз за да го означи Исусовиот кеносис. Божественото одликување (морпхе) во Христос се сокрива под човечко одликување., односно под нашата природа означена со трпение, сиромаштија, човечка ограниченост и смрт. Но сето тоа не беше плод на некој мрачен механизам или слепа осуда; тоа беше негов слободен избор и израз на прифаќање на Татковата замисла за спасение. Сето тоа Господ го направи од љубов кон нас: од љубов сакаше да се понижи самиот себе и да стане наш брат; од љубов стана и сооучесник со нашата состојба, состојба на секој маж и секоја жена – кажа Папата.

Вовед во Велигденското тродневие, коешто ќе започне утре – како што рече – со препознатливите попладневни обреди на Велики четврток, е свечената Литургија на посветувањето на маслото, којашто утрото бискупот ја слави со своите свештеници и потоа протекува со заедничкото обновување на свештеничкото ветување изговорено на денот на нивното свештеничко редење. Тоа е гест со голема вредност, многу згодна прилика во која свештениците повторно ја потврдуваат својата лична верност на Христа, којшто ги избрал за свои послужители. Таа свештеничка средба има и друго, посебно значење, бидејќи претставува подготовка за Свештеничката година, којашто ја прогласив по повод 150. годишнината од смртта на Аршкиот парох и којашто ќе започне на 19. јуни. На литургијата за благослов на маслото ќе биде благословено истотака и маслото за болесничко помазание и катекуменското масло со посветување на маслото за кризма.

На попладневната Литургија на вечерата Господова, Црквата си спомнува на установувањето на еухаристијата, на свештенството и на новите заповеди – мандатум новум – на љубовта, којашто Исус им ја остави на своите ученици. За тоа што се случило во салата на Последната вечера, во очи на Господовата мака, свети Павле нуди едно од најстарите сведоштва: „ Господ Исус – пишува тој држејќи се до усменото предание, кое во тоа време било веќе доста раширено – таа ноќ кога беше предаден зеде леб, заблагодарувајќи го прекрши и рече: „Ова е телото мое – за вас. Ова правете го за мој спомен...“(1 Кор 11, 23-25). Ова се зборови полни со тајни, коишто јасно ја осликуваат Христовата желба: под приликите на лебот и виното Тој станува присутен со предавањето на своето тело и својата пролиена крв. Тоа е жртва на новиот и конечен сојуз понуден на сите, без разлика на раса и култура. Црквата, по славењето на литургијата, поттикнува на бдеење во присувство на Пресветиот сакрамент, потсетувајќи на жалниот час којшто го помина Исус во самотија и молитва во гециманската градина, пред да биде фатен и потоа осуден на смрт – утврди Светиот Отец.

Taка дојдовме до Велики петок, денот на Господовата мака и распнување. Секоја година, застанати во тишина пред Исуса обесен на дрвениот крст, приметуваме колку се полни со љубов зборовите кои ги изговори во очи на тоа, за време на Последната вечера. „Ова е крвта на…“(Мк 14, 24). Исус сакаше да го дарува својот живот како жртва за опростување на гревовите на човештвото. Како и еухаристијата, така и маката и смртта на Исуса на крстот претставуваат мистериј којшто е за човечкиот разум несватлив. Се наоѓаме пред нешто што гледано човечки ни изгледа апсурдно: Бог не само што стана човек, не само што трпеше за да го спаси човекот превземајќи го врз себе товарот на целата трагедија на човечкиот род, туку и умре за човекот. Христовата смрт ги повикува во свеста целата болка и сите зла коишто го оптеретуваат човекот во сите времиња: тешкиот товар на нашата смрт, омразата и насилствата коишто сеуште оставаат крвава трага по земјата. Господовата мака продолжува во страдањата на луѓето. Ако е Велики петок ден полн со жалост, тоа е, значи, истовремено ден погоден за повторно будење на нашата вера, како би нашата надеж биде се поцврста и како би стекнале храброст за да го носиме сопствениот крст со понизност, поверение и предание во Бога, сигурно во неговата подршка и неговата победа. Во литургијата тој ден се пее:„ Здраво, крсту, единствена надеж!“ – истакна Папата.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.