2009-04-06 19:06:02

На Цветница се обележува 24. светски ден на младите


Сеќавајќи се на Сиднеј и очекувајќи го Мадрид, во целиот свет стотици илијади на момчиња и девојки по бискупиите денеска, на Цветница, го одбележуваат 24. светски ден на младите. Во пригодната порака Папата им предложи на младите да размислуваат на темата „ Својата надеж ја ставивме во живиот Бог“. Таа надеж, ако се темели на евангелието, а не на слабите опции коишто ги нуди денешниот свет како замена за поверението во Бога, навистина може позитивно да го усмери животот – пишува Папата.


Треба да бидете веродостојни сведоци на христијанската надеж во светот којшто, изгледа ја има изгубено надежта во Бога, а живее од ситничави надежи коишто се распрснуваат во самотијата и безнадежта – им пишува Светиот Отец на младите. Папата ја опишува надежта како време на надеж, бидејќи е исполнета со идеали, сонови и проекти. Со овие очекувања сите млади ја мерат својата иднина, а нивните прашања се мачни кога животот е полн со неизвесност: потешкотии со учењето, семејни кризи, финансијски тешкотии и болести. Во такви околности, на срцето му треба голема Надеж – пишува Папата – а таа може да биде само Бог. Друштвата пружат изгледи на самотија и насилство, а кризата најлесно ги погодува младите во општевствено-економските контести без сигурност и вредност – примети Папата упатувајќи ги младите на стварноста на светиот Павле. За него – пишува Папата – надежта не е само идеал или чувство, туку е жива личност: Исус, којшто го среќаваме во постојаната молитва, сакраментите и Светото писмо, а парарелно со тоа постојат здруженија и групи коишто нудат разни начини на „пријателства со Него“. Понесени со засилената вера ширете ја околу себе таквата надеж, а вашите одлуки нека ја сведочат вашата вера. Наместо лажните кариери или успеси бирајте ја љубовта кон ближниот знаејќи дека „вистинскиот христијанин никогаш не е ожалостен, бидејќи Христовото присувство е тајна на неговата радост и мир – заклучи Бенедикт XVI.

Осврнувајќи се на пораката од Папата кон младите во разговор за нашето радио Силвија Санкини, председателка на Сојузот на италијанските католички универзитети, рече дека во наше време најмногу се слуша зборот криза: криза во етиката, криза во образованието, финансијска криза и економијата. Од тоа најмногу страдаат младите, бидејќи кризата се однесува на иднината, а иднината по својата природа припаѓа на младите. Младите, слушајќи го говорот за кризата и чувствувајќи ја во својот живот, живеат во страв и безнадеж, затоа им е потребна додатна надеж и љубов за да можат одважно да се зафатат во борбата со кризата – истакна Санкини.
  







All the contents on this site are copyrighted ©.