2009-03-25 17:27:06

Папата до поглаварите на афричката Црква: нека свети Јосиф биде модел на вашите одлуки, скромни и верни


Вчера попладне, по завршувањето на вториот ден од посетата на Папата во Камерун, ја предводеше вечерната молитва во Базиликата на Марија Царица на Aпостолите во Јуанде. Вечерната молитва беше во името на свети Јосиф, Папата го зеде како пример за татковска верност во скормност од кого секој свештеник, монах и лаик можат да бидаат охрабрени во Божјиот позив.

Служител без никанва вредност, што ја познаваше тајноста и гордоста на скоромноста, што го напави еден модел за сите татковци, и покрај тоа што не сакаше. Бенедикт XVI ги повика поглаварите на афричката Црква, и не само нив, да го следаат примерот на Свети Јосиф. Папата беше пречекан со срдечност на сите средби во Камерун, но синоќа се собраа, сите епископи, свештеници, монаси, чесни сестри и лаици, кои ја наполнија маријанската Базилика. Дваесетичетирите Епархии кои од секоја имаше по 2500 преставници, Бенедикт XVI, на француски и англиски јазик, предупреди на татковската духовност прифатена од Јосиф како заштитник и татко на Исуса:


„Се мисли да не се биде еден безвреден служител, но да се биде верен и мудар служител. Двете придавки што го составуваат не се безсмислени: тоа покажува дека интелигенцијата без верност и верноста без мудрост, една без друга не можат, немаат квалитет. Едне без друга не постојат, без нив не е можно да се сфвати и прифати одговорноста што Бог ни ја доверува.“ 

Овој начин на татковство, им се обрати Папата на Епископите и свештениците, „треба да ја живеете вашата должност секој ден“: како пријатели Христови, „верни на вашите ветувања“, секогаш подготвени да се покаже во „прв план значењето на свештеникот“, потврди, но тоа како „служител“ ни дава друго искуство.  Бенедикт XVI го го цитираше големиот црковен филозоф од вториот век, Ориген:


„Често еден човек од мала важност е поставен над сите поинтелигентни луѓе, и понекогаш се случува некој кој е од помала вредност има поголема вредност од тој што секогаш му заповеда. Кога некој го добива тоа достоинство сваќа дека не треба да биде горд на својата позиција, но некој од помала вредност може да биде поголем од него, како што Исус му беше потчинет на свети Јосиф“. 

Јосиф, е пример за сите христијански позиви. Исто и монасите, на кои животот додаде папата, е радикално имитирање на Христа, или лаиците, повикани на солидарност кон сиромасите, можаат во свети Јосиф да најдат, кој ја прифати и почитуваше тајноста на Марија, големо учење:

Свети Јосиф не поучува дека може да се сака без да се поседува. Гледајќи, секој човек и жена може, со благодет Божја. Да биде излечен од своите рани, во услов да го прихвати Божјот план што го започна Бог со луѓето што се сонего, такак како што Јосиф го прифати планот за спасение преку Марија и благодарение на тоа што Бог го беше „направил“ во неа“. 

За крај, свети Јосиф како човек кој е послушен на зборовите Божји и е „јасен знак за сите Исусови ученици кои што живеат во единство на Црквата“:

Ова борба за единство на Христовите ученици е за нас голем предизвик. Таа ни покажува да се обратиме кон Исуса, да дозволиме да бидеме привлечени од Него. И во Него сме повикани сите да се нарекуваме браќа, синови на Единствениот жив Бог. Во оваа година посветена на Апостолот Павле, најголемиот Христов навестувач, Апостолот на Народите, да се му обратиме заедно за да ја слушнеме и да ја разбереме верата и вистината во која беа засадени корените на единството помеѓу учениците Христови“. 







All the contents on this site are copyrighted ©.