2009-03-25 17:23:40

Папата беше дочекан во Јуанде и во Камерун


Папата Бенедикт XVI вчера пристигна во Камерун и беше дочекан на аеродромот Нисмален во Јуанде од врховните политички поглавари и верските преставници на земјата, и преседателот, Паул Бија кој одржа говор за негово добредојде.


Папата започнува повторно од Камерун со константниот дијалог со Африка во главниот град на Камерун Јуанде го славеше неговото пристигнување. Ова е трето патување, после двете патуванња во 1985 и 1995 од страна на Папата Јован Павле II. Папата по улиците кога поминуваше беше пречекан од граѓаните со голема радост и поздрави: „ Свети Оче ве причекуваме со раширени раце“, „Добредојде во Камерун, Бенедикте“, и многу други поздави по повод неговиот именден на 19 март, свети Јосиф. Јоанде е еден град во кој живеат многу луѓе мирно и слободно, доста е развиен во слободната трговија, и покрај тоа што не е беше погоден во војната, сепак се бори против големата сиромаштија и неизлечивите болести, исто така како што се погодени и другите афрички држави.

Градот го пречека Папата со скромност, не со некоја голема ринашиментална уметност, но со искрена радост од страна на верниците. Тоа е богатството што Камерун може да му го даде на Папата. Ова земја е независна од 1961, после ослободувањенто од британските и фарнцуски колонизации. Беа токму германските монаси Палатини, оние кои го навестија Евангелието во земјата во 1890 и кои го распространиа христијанството, каде денес скоро 27% се христијани, а земјата има 17 милијони жители. „Со оваа посета, сакам да го прегрнам целиот афрички континент: неговите разлики, неговиот тежок развој и соединување, тешките рани од војната и надежите. Со мене носам само тоа што можам да го дадам, Исуса Христа и Словото Божје“.

Камерун и Ангола се земји кои Папата ќе ги посети за да му збори на целиот афрички континент, и за да го навести настанот што ќе се случи во октомври, „Улогата на Црквата во Африка, повикана да ги реши старите проблеми“, што ке биде одржан во Ваткан од страна на сите афрички епископи: „Црквата во африка во служба на помирување, на правдата и мирот“. Папата за време на престојувањето во Камерун ќе биде сместен во седиштето на нунцијатурата.

Внатрешниот облик, богат со различни етнички и религиозни групи, но секогаш помеѓу нив постои соработка за мир, на Камерун секогаш е покажуван како држава модел за Северна Африка. Што преставува денеска Камерун за папата Бенедикт XVI гледјаки го она од 1985 и 1995 кога беше посетен од страна на Јован Павле II? Џанкарло ла Вела го праша монс. Јосеф Аконга Есомба, главниот сегретар на Камерунската Епископска Конференција:

*********
"Камерун е денес земја која имаше едн свој развој во разни нивоа, после двете посети од претходниот Папа на земјата, каде после првата посета беше барано да се изгради во земјата Католички Универзитет, кој денеска е познат во целиот свет. Нови Епархии беа отворени од Јован Павле II и од Бенедикт XVI, што покажува дека Црквата е жива. И потврдувам дека камерун од тогаш до денес е многу повеќе развиен во секој поглед.

Едено од најголемите очекувања е средбата со муслиманската заедница, заедница која што е многубројна во Камерун. Каква е денес муслиманската реалност во земјата?
Односите со муслиманите во Камрун се многу добри. Во оваа држава се присутни исклучиво сунитите, иако тие преставуваат малцинство, додека христијаните се мнозинство. Ова покажува дека муслиманите секогаш се во соработка со христијаните. Денеска, на југ од земјата, се градат нови џамии, со помош од Саудиска Арабија. Односите се многу добри и почитувањато е заемно, не постојат екстремисти. Постои една братска помош, иако во Цркават постојат веќе: една се вика „Форум на Камерун“ другата се занимава исклучиво на социјалнен план.
 
Потоа е средбата на папата со светот на болестите. Како се прифатена болката во една толку тешка реалност како оваа во Африка?
Страдањето е дел од животот. Ние сме многу среќни што папата ќе се сретне со светот кој што се мачи. Постојат болести што не се лекуват, затоа што фалат економски сретства. Луѓето се многу сиромашни. Има некои што умираат од малариа, затоа што немаат средства да се лечаат во болниците. Католичката Црква многу работи, и некој од редовите на сестрите мисионарки и свештеници. За жал, овде во Камерун постои едно многу тешко секојдневние.
 
Како шивее Црквата во Камерун, но исто така во цела Африка: темата на вториот Епископски Синод за Африка, и обврските на афричката Црква за помирување, правдата и мирот?
Африка, за жал, не е континент каде што има само сиромаштија, но има и војни и бегалци, што се плод на поединци и нивните интереси. Мислам дека, сите луѓе, пред се малдите, сакаат во иднина да има правда и мир. За да се живее добро потребни се мирот и правдата.
 
Кои се поздравите кои Камерун ќе му ги даде на Папата?
Ќе биде поздрав од една Црква, од нашите верници, што го прима Папата, Петровиот наследник, кој доаѓа да ги охрабри, да ги советува своите деца во верата, за да останат верни на на верата што ја имат добиено на денот на крштението: „Вие сте сол на земјата, вие сте светлина на светот“.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.